Миа Костова: „Легнете во средства за дезинфекција, па излезете на кафенце во Дебар Маало“
- Детали
- сабота, 14 март 2020
Статусот на Фејбук на Миа Костова во кој испраќа апел до несовесните граѓани кои не ги почитуваат препораките за самоизолација поради корона вирусот стана вирален хит.
Го пренесуваме во целост:
„Не, види, убаво е да купите све што има по аптеки, напуните када и легнете у средства за дезинфекција и после излезете малце на кафенце у дебар маало, пошо шо има везе. А бе море дегенерици, не е муабетот дали ќе преживееме.
Еве ќе преживееме. Ние помладите и здравите сигурно. А бе систем ќе падне, нема да можете до Дојран бензин да си платите летово, ќе јадете тоалет намачкан со гел за раце, две мозочни келии да се немало.
Ќе седите дома под присила после 3 месеца ама да се дотерате у дневна со цвикери, со кожњак, со све и лажички пластични да мотате низ уста, пошо апстиненција од кафепиење е многу зезната ствар. Пендерци само за вас. Како ќе излезете од влез така по глаа и на клоци назад, за газ да се држите! И мајките со децата у колички расклацкани на љуљашки шо на Водно што по паркови така малце за коса да се протресат! Немало да умрат они...
Се извинувам ама бар коронава по глупоќа да бираше, ќе се спасевме од епидемијава за која никој не прогласува ванредно стање. И не, не е паника, внимание е, за да нема паника!“
не, види, убаво е да купите све што има по аптеки, напуните када и легнете у средства за дезинфекција и после излезете...
Posted by Миа Костова on Saturday, March 14, 2020
С. С. | Црнобело