Во групацијата „Балфин“ и нејзините компании во земјава, жените имаат еднакви шанси за напредок како мажите

Жените припаѓаат таму каде што се донесуваат одлуки. Жените не смеат да бидат исклучени, вели Рут Бадер Гинзбург.

vo-grupacijata-balfin-i-nejzinite-kompanii-vo-zemjata-zhenite-imaat-ednakvi-shansi-za-napredok-kako-mazhite-01.jpg

Светската банка во својот извештај за родова еднаквост го потенцира напредокот кој е постигнат во намалување на родовиот јаз, зборувајќи за Албанија и земјите од Југоисточна Европа, каде што е постигната целосна еднаквост во областа на образованието и здравството. Во извештајот се проценува и застапеноста на жените во политиката и во јавните служби. Сепак, Светската банка забележува дека жените се соочуваат со повеќе пречки од мажите, особено во градењето на успешна кариера. Според овој извештај, доколку се оствари родова еднаквост на пазарот на трудот, бруто домашниот производ ќе се зголеми до 20 отсто што ќе даде поттик на економијата.

Групацијата „Балфин“ претставува еден од најважните економски чинители на Западен Балкан, како и на пазарот на Европската унија. „Балфин“ постави високи стандарди во сите сегменти на економијата каде што работи, но исто така даде важен придонес за создавање вредност и поддршка на компаниите таму каде што функционира. Неспорен придонес на групацијата е промовирањето на улогата на жените на пазарот на трудот преку создавање на простор за развој на успешна кариера и достигнување на највисоки нивоа на раководство на „Балфин“ како и општеството.

„Балфин“ е еден од главните придонесувачи за родовата еднаквост на пазарите каде е застапен и воедно е простор каде сите уживаат еднакви права за развој на успешна кариера без оглед на полот. Самата група е предводена од жена (Едлира Мука, извршен директор на групацијата од 2016 година), а над 48 отсто од високи извршни директори се жени. Во меѓувреме, на ниво на групацијата како и на сите други гранки, околу 55 отсто од вработените се жени. Во текот на 2019 година, повеќе жени (околу 860) од мажи беа вработени во сите гранки кои припаѓаат на групацијата. Повеќе од 290 жени, исто така, имаа можност да ја продолжат својата кариера да бидат промовирани на високи позиции.

Запознајте се со 12 жени кои ја зајакнуваат групацијата:

Анета Митрева Блажев е менаџер на една од продавниците на „Нептун“ во земјава. Таа работи скоро 11 години во „Нептун“, а во ноември 2014 година беше назначена за менаџер на продавница, позиција на која е и денес.

- Привилегија е да се биде дел од регионална и меѓународна групација која работи во различни земји во Западен Балкан. Ова е можност постојано да ги учам и подобрувам моите квалитети. Работата има моменти на успех, но и потешкотии. Кај ова второто, најдобриот начин за решавање е одржување на смиреност и добро оценување пред да се донесе одлука. Според мене, членовите на тимот треба да бидат сигурни во своите способности, да се чувствуваат исполнети и задоволни од работата што ја прават, а воедно да имаат почит и меѓусебна доверба за да бидат најдобри како тим – вели Анета.

vo-grupacijata-balfin-i-nejzinite-kompanii-vo-zemjata-zhenite-imaat-ednakvi-shansi-za-napredok-kako-mazhite-02.JPG

 

 

Енџи Салиаси е координатор на проектот назначен од претседателот на „Балфин“. Таа веќе има 3 годишно искуство во рамките на групацијата.

- И покрај стажантското искуство за време на студиите, вистинската конфронтација со пазарот на трудот ми започна пред точно три и пол години во „Балфин“. Моето прво искуство беше во SPAR Албанија, во одделот за маркетинг. Сега, после три години како дел од кабинетот на претседателот на групацијата, можам да кажам дека имав среќа да видам и да се запознаам со добар дел од работењето на целата групација, од една друга перспектива, да видам како се спроведуваат стратегии и како функционира секојдневното работење – објаснува Салиаси.

Вели дека „Балфин“ е позната по тоа што ги третира вработените и се фокусира на нивниот раст преку нивната промоција, но воедно и давајќи им предизвик да се испробаат во нова професија со комплетна поинакви обврски и динамика.  

vo-grupacijata-balfin-i-nejzinite-kompanii-vo-zemjata-zhenite-imaat-ednakvi-shansi-za-napredok-kako-mazhite-03.JPG

 

 

Елда Хисенбели е извршен директор на Fashion Group Albania, компанија која вклучува брендови како Mango, Springfield, Cortefil, Prenatal, Okaidi, Geox, Women’s Secret, Parfozia, Carpisa и Golden Point. По завршувањето на студиите во Италија, таа се враќа во Албанија.

- На почетокот ми беше многу тешко да се прилагодам на деловното опкружување во земјата. Имаше голема разлика помеѓу она што го изучував и она што се применуваше во Албанија. Токму кога се сомневав дека ќе се вратам во Албанија, се запознав со „Балфин“. Работата како бизнис аналитичар и работењето при аквизации и спојувања е особено искуство овие седум години. Да се ​​работи во „Балфин“ значи да се придонесе за реализација на важни проекти во нашата земја, а и во регионот. Со присуство на многу состаноци на највисоките сектори за донесување одлуки на групацијата, имав можност да запознаам некои од најдобрите професионалци во земјата од кои научив многу и кои воедно ме инспирираа- посочува Елда.

vo-grupacijata-balfin-i-nejzinite-kompanii-vo-zemjata-zhenite-imaat-ednakvi-shansi-za-napredok-kako-mazhite-04.JPG

 

 

Одета Гога е менаџер за финансии во Balfin Ltd. Таа го започна својот пат во групацијата во 2005 година, кога како свежо дипломиран студент на Економскиот факултет ѝ беше дадена можност да работи во секторот за финансии во „Нептун“. Во 2010 година се приклучи на првиот тим на единицата за внатрешна ревизија и од мај 2019 се е дел од Секторот за финансии во групацијата.

- Денес, 12 години подоцна, сум во истата групација и не би сменила ништо од мојот прв избор бидејќи професионално пораснав токму во „Балфин“. Една од најинтересните политики на групацијата кон вработените е континуираната обука, служејќи како „ажурирање“ за да се исполнат предизвиците што се создаваат преку еволуцијата на деловните процеси. „Базенот за таленти“ е еден од најуникатните, бидејќи ми даде можност да развијам вистинско знаење, да ги подобрам моите перформанси како вработена, да имам нов пристап кон тимската работа и неговите очекувани резултати  - додава Одета.

vo-grupacijata-balfin-i-nejzinite-kompanii-vo-zemjata-zhenite-imaat-ednakvi-shansi-za-napredok-kako-mazhite-05.JPG

 

 

Јулjана Пергега, раководител на Секторот за набавки и логистика во Mane TCI. Таа е во групацијата „Балфин“ четири години и имала две промоции во тој период. Јулjана смета дека одговорност, посветеност и прилагодување кон брзо менување на деловното опкружување и се клучните квалитети потребни за да се искачи на скалата во кариерата.

- Секој менаџер поставува етика на работа и сет општествени вредности, а вистинскиот пример има значаен ефект врз начинот на размислување на групата, како во квалитетот на анализата, така и во брзината на информации. Верувам дека групацијата „Балфин“ е пример што треба да се следи, бидејќи постави високи стандарди во сите гранки кои се дел од групацијата. И тоа се однесува и на промовирање на жените во лидерски улоги - изјави Јулjана.

vo-grupacijata-balfin-i-nejzinite-kompanii-vo-zemjata-zhenite-imaat-ednakvi-shansi-za-napredok-kako-mazhite-06.JPG

 

 

Анила Џепа е првата жена која е инженер во Mane TCI. во Green Resort во Паласа. Taa го отвори патот за другите инженери.

- Градежниот сектор отсекогаш бил доминиран од мажи и тешко е да се работи во група навидум само со мажи. Имав среќа да работам со некои од најдобрите и најпрофесионални  колеги што во голема мера ми го олесни прилагодувањето. На почетокот, секако, постоеја сомнежи, но страста и посветеноста кон работата ја направија успешна. Како единствена жена на градилиштето, се чувствував ценето не само од сите колегите. Ова добро чувство е поврзано со филозофијата на групацијата „Балфин“ каде вработениот е вреднуван, особено жените – вели Анила.

vo-grupacijata-balfin-i-nejzinite-kompanii-vo-zemjata-zhenite-imaat-ednakvi-shansi-za-napredok-kako-mazhite-07.JPG

 

 

Алма Дураковиќ е менаџер за операции на Jumbo во Босна и Херцеговина.

2019 година беше многу успешна година за Алма и нејзините колеги. Истата кулминираше со  отворањето на две нови продавници во Босна и Херцеговина. Таа работи за Jumbo од 2017 година, кога се отвори првата продавница.

- Верувам дека упорноста и силната желба да се излеземе во пресрет на сите нови предизвици е најсилното оружје што нè тера да продолжиме напред. Постојано подобрување на нашето знаење и постојано надградување, барање и желба да научиме повеќе, но исто така и користењето на стекнатото искуство ни помага да ја прошириме нашата перспектива дури и кога се соочуваме со проблем. Мислам дека најдобра мотивација за секој вработен е кога лидерот на тимот ги води со примери на етика, ефикасност, комуникација, пристап кон работата и кога покажува задоволство со постигнати резултати преку евалуација на работата. Добро е да се произнесе поединецот и групата и да се мотивираме да бидеме поефикасни “.

vo-grupacijata-balfin-i-nejzinite-kompanii-vo-zemjata-zhenite-imaat-ednakvi-shansi-za-napredok-kako-mazhite-08.JPG

 

 

Арџана Чекрези, координатор за маркетинг во Neptun Society. Таа работи веќе 10 години и престојува во Драч. По земјотресот во ноември 2019 година, иако во шок од загубата на својот дом, Арџана покажа извонредна посветеност на работата.

- Утрото на 26 ноември за моето семејство како и за многу други семејства во земјата, животот беше целосно сменет. Се најдовме на улица, исплашени за живот и незнаејќи каде да одиме. Тоа беше моментот кога сфатив колку сме незначителни кон универзумот. Враќањето на работа го зајакна моето носење на одлуки. Поддршката и солидарноста на колегите во „Нептун“ и „Балфин“ ми дадоа сила да продолжам понатаму. „Нептун“ мораше да биде подготвен да им служи на нашите клиенти онака како што тоа се очекуваше од нас. Морав да дадам сè од себе за да не заборавам што се случи, но да најдам сила за да продолжам напред – се присетува Арџана.

vo-grupacijata-balfin-i-nejzinite-kompanii-vo-zemjata-zhenite-imaat-ednakvi-shansi-za-napredok-kako-mazhite-09.JPG

 

 

Леарта Кусари е менаџер за човечки ресурси во Jumbo во Косово. Оттогаш, Jumbo ги презеде првите чекори на Косово со отворањето на својата прва продавница.

- Кога се приклучив на „Балфин“, Jumbo работеше само со една продавница во Косово, a уште две беа отворени во првите три месеци. Стартот беше интензивен и динамичен, бидејќи над 2.000 потенцијални кандидати поминаа низ филтерот за вработување. Во Косово, досега, Jumbo има вкупно 6 продавници. Во повеќето сектори во Косово преовладуваат мажите, но во Jumbo Косово случајот e спротивен. Кај нас 73 отсто од вработените се жени. Ова е точно дури и за повисоките нивоа на управување каде 70 отсто се жени. Ова е индикативно за западната култура што „Балфин“ ја негува со години – истакнува Леарта.

vo-grupacijata-balfin-i-nejzinite-kompanii-vo-zemjata-zhenite-imaat-ednakvi-shansi-za-napredok-kako-mazhite-10.JPG

 

 

Кристина Мешкурти, е менаџер на продавници на „Нептун“ во Драч. За време на трагичниот земјотрес од 26 ноември 2019 година, Кристина одигра голема улога во проценката на перформансите на продавницата и покажа голема емотивна поддршка за својот тим.

- Од моментот на земјотресот досега, еден дел од нашиот персонал вклучувајќи ме и мене, не живееме во своите домови бидејќи нашите станови се прогласени за опасни. Ова беше многу тежок дел од мојот живот и ќе беше уште потежок без поддршката од семејството и персоналот, кои ни помогнаа во тешки моменти. Блиската врска што јас и персоналот ја воспоставивме со „Нептун“, одговорноста и посветеноста што ја чувствуваме кон општеството, нè натера да го надминеме емотивниот шок од земјотресот и да го претвориме во енергија, работејќи на исто ниво како и другите продавници – вели Кристина.

vo-grupacijata-balfin-i-nejzinite-kompanii-vo-zemjata-zhenite-imaat-ednakvi-shansi-za-napredok-kako-mazhite-11.JPG

 

 

Ина Ценоли е специјалист за трговија и настани во Acrem, компанија која управува со двата најголеми трговски центри во Албанија, TEG и QTU. Таа е нововработена во „Балфин“, но добро се прилагодила за кратко време.

- За време на претходните работни места, имав можност да комуницирам и да соработувам со добар дел од компаниите на „Балфин“, така што знаев дел од структурата на групацијата. Бев запознаена и со социјалните политики што ги следи општеството и погодностите на нејзините вработени. Моментот кога бев избрана за да бидам дел од персоналот на Acrem, бев пресреќна. Сега, кога имам одредено време во рамките на оваа компанија, можам да кажам дека најдов соодветно опкружување за работа, пријателски персонал и многу други причини да бидам безбедна и да инвестирам долгорочно во Acrem и Balfin Group – посочува Ина.

vo-grupacijata-balfin-i-nejzinite-kompanii-vo-zemjata-zhenite-imaat-ednakvi-shansi-za-napredok-kako-mazhite-12.JPG

 

 

Албана Ала е инженер за квалитет на рудникот „АлбКром“ во Булчица. Тринаесет години од своето 24-годишно искуство, таа ги поминала во овој рудник. Албана смета дека е привилегија да се биде вработен во најголемиот рудник во Албанија.

- Иако е индустрија во која доминираат мажите, јас бев многу среќен со тоа што го постигнав. Правилната соработка и комуникација со сите рудни структури и оддели беа наша мотивација и сила да постигнеме високи резултати. Најголемата инвестиција во последната деценија, беше копање подлабоко низ Велс бр. 9 што ќе обезбеди нови работни места. Сите вработени во рудникот придонесоа за оваа инвестиција на „АлбКром“ и „Балфин“, како дел од овој персонал денес сум многу среќна со оваа огромна инвестиција која го продолжува животниот век на рудникот за најмалку 25 години – завршува Албана.

vo-grupacijata-balfin-i-nejzinite-kompanii-vo-zemjata-zhenite-imaat-ednakvi-shansi-za-napredok-kako-mazhite-13.JPG

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Вирален статус на скопскиот менаџер Цајо: „Пред 50 години бракот беше лесен, а разводот тежок - дене... „Пред 50 години само една личност работела за да го издржува целото семејство. С...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg