Репортажа на CRNOBELO.com од Болоња: Фабрика на иновациите која ги поместува границите на технолошкиот развој
- Детали
- петок, 21 февруари 2020
Болоња, Италија. Најмалку од сѐ помислуваш дека во претежно студентски град ќе успееш да најдеш приказна каква што имавме можност да видиме - фабрика на иднината сместена на околу 20 минути оддалеченост од Болоња.
Philip Morris International во рок од четири години со инвестиција од околу 1 милијарда американски долари, од обична полјана успеал да направи една од најсовремените фабрики во Европа која е наменета исклучиво за производство на несогорлив тутун кој се користи за уредот IQOS (ајкос). Новиот производ веќе го користат над 10 милиони корисници за помалку од четири години. Ова е иднината на светот без чад.
А зошто? Затоа што тоа е новата мисија на Филип Морис – Иднина без тутунски чад. Ако не ја посетевме фабриката благодарение на Филип Морис оваа реченица ќе беше само флоскула за нас, но самите се уверивме дека токму оваа мисија ја прави оваа компанија лидер во тутунската индустрија. На самиот влез пред себе гледаш голема фабрика која, според информациите кои ни беа споделени, е целосно гринфилд инвестиција.
Сѐ е направено од почеток, замислено се до последен детал за да биде фабрика според највисоки стандарди. Внатре како сѐ да е дојдено од иднината, простории за администрацијата кои се направени по принцип кој овозможува креативна работа но со строги правила. Целосна компјутеризација на процесите во средина која наликува на зона за одмарање, но и зона за креирање нови решенија и иновации.
Иако во фабриката се вработени повеќе од 1.500 претежно млади луѓе, во делот на производството владее беспрекорен ред и целосна автоматизација на процесите.
Секој носи заштитна облека, а како посетители требаше да облечеме посебно заштитно одело и се разбира посебни чевли. Ништо не е оставено на случајот, ризикот мора да е нула од повреди.
Мора да биде се по прописи и по протокол. Како на пример кога поминува роботизирано возило, на место кое е за премин во друг дел и пред вас свети светло стоп мора да се застане, исто како на раскрсница. По патот не води посебно обучено лице која што ни го објаснува целиот процес на производство. Како од листот тутун се развива новиот производ HEETS?
И зошто е поинаков од обичната цигара. Целото производство е поделено во фази. Секоја фаза внимателно се следи и на крај се добива конечниот производ. Интересно е дека целиот процес а автоматизиран, луѓето се дел од процесот само при проверка на производите.
Сè друго е оставено на механизацијата. Целата машинерија произведува несогорлив тутун за американскиот и јапонскиот пазар. Вакви слични фабрики има уште шест и ги покриваат потребите и на другите пазари.
Интересен податок е дека во оваа фабрика работат млади луѓе, каде просечна старост, или поточно младост е 34 години. Млади луѓе кои влегуваат во меѓународна компанија, тутунски гигант, каде може да учат и да се развиваат.
Компанија каде се промовира средина каде жените на исти работни места со мажите земаат иста плата. Нема место за родова нееднаквост. Нема место за каква била дискриминација. Има луѓе од различни средини и од различни држави. За секој вработен обезбеден е бесплатен превоз до фабриката, оброци во текот на денот. Јадењето што се нуди е еднакво на храна во некој ресторан кај нас во Скопје. Изборот е речиси неограничен.
Интересен е податокот дека компанијата се грижи и за животната средина продуцирајќи за фабриката сопствена електрична енергија од соларните панели поставени на кровот на објектите. Ништо не е оставено на случајот. Совршено место за млад човек што сака да работи во компанија што е лидер во индустријата, но во исто време е прогресивна и се грижи за средината каде опстојува.
Оттаму јасна е стратегијата на Филип Морис Интернешнал да се менува и да оди напред. Да се развива на поинаков начин и да креира свет каде иднина без тутунски чад има вистинско значење. IQOS како иднина носи пред себе нови предизвици.
Создаден да биде многу подобра алтернатива од цигарите, ја носи компанијата во мисијата да креира свет без чад. Се уверивме дека најголем проблем со цигарите се штетните супстанци кои настануваат по согорувањето на цигарата при температура поголема од 600 целзиусови степени.
Со IQOS, тутунот се загрева максимално до 350 целзиусови степени произведувајќи аеросол што значително ги намалува штетните состојки присутни во чадот од цигарите. И IQOS не е електронска цигара, а суштинската разлика меѓу IQOS и електронските цигари, е тоа што IQOS користи тутун што го загрева на значително пониска температура да не се создадат штетните супстанции, а електронската цигари содржи и загрева течност со никотин и многу често вештачки додадени ароми.
Токму поради тоа, над 10 милиони возрасни пушачи ширум светот потполно ги оставија цигарите и преминаа на IQOS, а пазарот постојано се зголемува.
IQOS е единствен производ од ваков тип што има дозвола за продажба од страна на FDA – Американската агенција за лекови. Во оваа нова технологија тутунскиот гигант вложи досега над 6 милијарди американски долари. Сериозна инвестиција за производ на иднината. Од компанијата ни објаснија дека постојано работат на создавање нови можности бидејќи иднината лежи токму во иновациите.
И ќе се запрашате како што ние се запрашавме, што добива Филип Морис од ова? Дали е ова само маркетинг трик или некоја друга стратегија? Одговорот што го добивме е следен:
„Свесни сме дека како тутунска индустрија одиме чекор понапред но тоа е единствениот вистински пат. Нашите производи користат тутун, никотинот не е причинител на болести поврзани со пушењето, а ако знаеме како да направиме производ што ќе биде значителна подобра верзија од цигарите, зошто да не придонесеме кон свет каде сите ќе имаат бенифит“.
Очигледно оваа мисија е долга, но не е невозможна, а обврска на компаниите е да едуцираат што е добро, а што не. Се менуваат начините на комуникација, пазарот станува потранспарентен и вистински ориентираните компании кон потрошувачите се отворени за своите намери.