Стоби со традиција од 11 години како успешен македонски бренд го закрои лозјето за Св. Трифун
- Детали
- петок, 14 февруари 2020
Во присуство на пријателите од бизнис, политички претставници, дипломати како и личности од јавниот живот, се закрои лозјето на плантажите во винаријата Стоби по повод големиот празник Св. Трифун.
Винаријата со здравица ја означи и својата 11-та година од постоењето, гостите уживаа во Чалгија саунд систем, солистите од Национална опера и балет, солистката Наде Талеска, како и Горан Наумовски, Лена Заткоска-Маротова, Бојан Моратов, Владимир Дојџиновски, гитара како и Горан Папаз на сакс, за вистинско задоволување на сите сетила пак беше послужено сортно вино и вкусна храна.
„Овој ден за нас е посебен, на овие плантажи точно пред 11 години ја започнавме нашата винска приказна Стоби винарија. Денеска можеме да се пофалиме со пласман на домашните и светските пазари како Кина, САД, Русија и Европа. Самите награди и пофалници од еминентни вински критичари говорат за квалитетот на брендот, за кои сме на врвот заедно со нашиот тим, истакна сопственикот на винарија Стоби, Минчо Јорданов.
Винаријата исто така развива вински туризам преку вински тури, корпоративни услуги, специјални настани што ја издвојува од винариите од регионот.
„Нашата фамилија има визија за винаријата уште од самиот почеток се со цел денеска да се пофалиме дека годишно произведуваме 4,5 милиони литри висококвалитетно флаширано вино, од кое 70% се извезува на странските пазари. Рамо до рамо сме со светските производители и тоа ни дава поттик постојано да инвестираме во иновации за производство на премиум, класик, традиционални и елитни вина за да бидеме конкуретни ширум светот“ вели Ана Јорданова, креативен директор во компанијата.
Во рецензиите објавени во Вашингтон пост и во винскиот магазин Wine Advocate, вината на Стоби добија високи препораки од еминентни светски вински критичари.
Изминататите 11 години винаријата зеде учество на сите саеми, така што освои награди и признанија на европски и светски натпревари како Decanter, Мундус вини во Германија и Вино Љубљана во Словенија.
Модерниот концепт на винаријата Стоби долж Градско има луксузен ресторан со посета на домашни и странски гости, како и одржување на голем број на настани.