Отворена е првата регионална благајна на ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА во Кочани
- Детали
- понеделник, 10 февруари 2020
Со задоволство ги известуваме играчите на игри на среќа на Државна Лотарија, дека новоотвореното уплатно-исплатно место во Кочани, кое се наоѓа спроти општинската зграда во Кочани, започна да работи и како регионална благајна.
Со ова, нашата земја ја доби првата регионална благајна на Државна лотарија, каде играчите на кои Кочани им е поблиску од Скопје ќе може да се обратат за исплата на добивки во вредност над 5.000 денари. Токму оваа недела во Кочани беше доделен првиот електричен тротинет на добитничка од Кочани.
Со ова Државна Лотарија започнува со имплементација на проектот за отворање регионални благајни. Првата е веќе отворена во Кочани, а до крајот на оваа година се планира да се отворат вкупно пет регионални благајни во различни краишта на нашата земја.
Цалта на отворање регионални благајни е да се излезе во пресрет на играчите ширум земјата, да се намалат нивните трошоци за подигање на добивките а да се зголеми задоволство од учеството во игрите на среќа на Државна лотарија.
Играчите кои оствариле добивка на игрите на среќа коишто ги приредува Државна лотарија: Лото 7, Џокер и Инстант лотарија, во износ и над 5.000 денари, за исплата на добивката веќе не мора да доаѓаат само на благајната во Скопје, од сега ќе може да се обратат и во првата регионална благајна во Кочани.
Регионалната благајна во Кочани, редовно работи како уплатно исплатно место за игрите на среќа на Државна лотарија е на улица Љупчо Сантов, бр.1/4, спроти општинската зграда, со работно време од 9:00 до 21:00 часот, секој ден освен недела.