„Ѝ гледаше на кафе на Џесика-Паркер, сите сакаат селфи со неа“ – Приказната за Атиџе се шири низ светот

Францускиот медиум France Press објави текст за македонската пчеларка Атиџе која го освојува Холивуд, во кој се вклучени изјави од продуцентот на филмот, Атанас Георгиев, па нејзината приказна почнува да се шири насекаде низ светот. 

sara-jesika-parker-konechno-ja-zaponza-atidze-go-osvojuva-i-sharmira-holivud-01.jpg

Пред „Медена земја“ да освои дури 3 награди на престижниот Sundance филмски фестивал, никој немаше слушнато за Атиџе.

Жената што ги восхити сите со нејзината приказна, до пред некое време живееше во скромна куќа без струја, а сега, ќе биде дел од гостите во театарот Долби во Холивуд. - вака започнува текстот на France Press.

Како што веќе знаете, „Медена земја“ е првиот филм што доби номинација и за најдобар документарец, но и за најдобар странски филм, па Атиџе стана една од најпознатите жители на Македонија.

Уште поинтересно е што ѕвездата од „Sex and the City“, Сара Џесика-Паркер, била воодушевена од скромната Атиџе. Сара уште минатата година им го препорача „Медена земја“ на сите нејзини фанови, иако се соочи со политички критики.

Сега актерката не само што имала можност да ја запознае Атиџе, туку македонската пчеларка ѝ гледала и на кафе.

„Атиџе 56 години живееше среќно без телевизија, и не беше запознаена со „Сексот и градот“, но сепак со задоволство ѝ ја предвиде судбината на актерката со гледање на кафе“, вели продуцентот.

sara-jesika-parker-konechno-ja-zaponza-atidze-go-osvojuva-i-sharmira-holivud-02.jpg

„Луѓето ја сакаат. Таа стана ѕвезда. Немаме друг избор освен да се справуваме со тоа“, France Press ја пренесува изјавата на продуцентот Атанас Георгиев.

Георгиев се присетил и на моментот кога Атиџе го пробуваше фустанот за Оскарите во Скопје:

„Ѝ требаа 20 минути да изоди 200 метри бидејќи сите сакаа да направат селфи со неа.“

„Медена земја“ веќе е наречен најдобар филм на годината и кинематографско ремек-дело, а снимањето траеше 3 години.

Режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов отседнувале во селото на Атиџе со нивниот камерман, сè додека не им се истрошиле батериите. Сепак, селото на Атиџе нема струја.

Приказната за Атиџе, мајка ѝ и дивите пчели допре многу срца и пренесе многу важна порака.

„Приказната на мајката и ќерката е толку убава и речиси митска, но со медот има конфликт, капитализам и консумеризам. Тоа навистина кажува нешто важно за светот“, додал продуцентот Георгиев.

sara-jesika-parker-konechno-ja-zaponza-atidze-go-osvojuva-i-sharmira-holivud-03.jpg

Оваа неверојатна жена зборува дури четири јазици – турски, македонски, албански и влашки. После толку време поминато само со мајка си и пчелите во заборавеното македонско село, на Атиџе веројатно не ѝ било лесно да се адаптира на целото внимание што го добива. Но сепак, изгледа како таа одлично да се „носи“ со новата слава.

„Антрополошки гледано, не требаше да го правиме ова“, изјавил Георгиев за авантурата на Атиџе, плашејќи се дека ќе биде видена како лав во кафез.

„Но, имаше голем притисок од македонската јавност за таа да дојде на Оскарите.“

Сега останува да го чекаме доделувањето на Оскарите и да навиваме за Атиџе и тимот на „Медена земја“.

Целиот текст за Атиџе на France Press може да го прочитате тука.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Мајка и ќерка од Македонија позираат во стилот на Бијонсе – со бикини, каубојски шешири и чизми (фот... Облечени во црни бикини, со каубојски шешири и чизми, д-р Нена од Неготино и ќер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg