Неизречливо добро! Германски квалитет по супер цени!
- Детали
- четврток, 06 февруари 2020
Што ли се крие зад овој слоган што почнавме сѐ почесто да го гледаме низ дрогериите на dm во земјава?
Колку пати ви се случило да се најдете во најблиската дрогерија на dm, да го дофатите вашиот омилен производ и да пробате да го прочитате називот. Веруваме дека повеќето од вас кои пробале, го „скршите јазикот“ обидувајќи се да го изговорат целото име на производот.
Признаваме, најчесто е тешко, но она што е важно е дека позади овие називи се крие врвен германски квалитет, а по супер поволни цени. А тоа се сопствените брендови на dm дрогерие маркт. Од производи за нега на коса, лице и тело, преку производи до нега за бебиња, органска храна, па сѐ до производи за домаќинство....во dm може да се најде вистинско изобилие на овие производи, а нивните имиња се кое од кое потешки за изговарање.
Преку својата нова кампања „НЕИЗРЕЧЛИВО ДОБРО“, dm се обидува да го приближи германскиот јазик и квалитет, како и своите производи што поблиску до своите фанови. Повеќе околу целиот концепт можете да прочитате на нивната веб страна dm.mk/neizrechlivo-dobro.
Нашите и ваши добро познати Марко и Цеце, го прифатија предизвикот и се обидоа да ги прочитаат имињата на своите омилени dm марка производи. Интересно, нели? Еве како тоа звучи.
Покрај Марко и Цеце, и потрошувачите се обидоа да прочитаат некој од своите омилени производи, а тоа изгледаше СУПЕР СИМПАТИЧНО И ИНТЕРЕСНО! Уверете се и сами.
Дали и вие како фанови на dm би го прифатиле овој предизвик? Наидовме на интересен #dmchallenge кој сакаме да го споделиме со вас. Едноставно: земи го твојот омилен производ од некоја од многуте dm марки и сними се како го изговараш. Постави го како story на твојот инстаграм канал и тагни ја dm_makedonija. Забевно, нели?