Престижна награда за Завар дизајн “German Design Award 2020” во категоријата Excellent Product Design Energy

Специјалната колекција радијатори Drop (Капка) на Завар Дизајн е првонаградена на германските дизајнерски награди German Design Award 2020 во категоријата Excellent Product Design Energy.

prestizhnata-nagrada-za-zavar-dizajn-german-design-award-2020-vo-kategorijata-excellent-product-design-energy-01.jpg

Дизајнот на Drop (Капка) грејните тела е потпишан од тандемот Марта Наумовска Грнарова од Завар Дизајн и Јана Ацевска од Капка. Наградената колекција е дел од приказните за животната линија од Завар Дизајн и Марта Наумовска Грнарова и е создадена со трансформација на колекцијата на накит на дизајнерка Јана Ацевска во колекција на радијатори. За домашната сцена, наградената колекција беше изложена на Skopje Design Week 2019.

prestizhnata-nagrada-za-zavar-dizajn-german-design-award-2020-vo-kategorijata-excellent-product-design-energy-02.jpg

Во изјавата на жири комисијата на German Design Award 2020 како образложение за наградата стои дека „радијаторите се прикачени на ѕидот како уметнички дела, што ги прави извонредни и привлечни за окото. Тоа е интересен дизајнерски пристап којшто го толкува концептот на греење на нов и, пред сè, необичен начин.”

„Ова признание е највисоката и најреномираната потврда за вредностите на дизајните на Завар внесени и во колекцијата Капка. Уверувањето доаѓа од земјата и школите каде е роден индустрискиот дизајн, каде е создадено Баухаус движењето. Затоа Германската награда за дизајн има огромно влијание и директен придонес за целокупниот комерцијален успех. Во ова натпреварување влегуваат и се разгледуваат единствено проекти кои навистина претставуваат пионерски чекор во функционалниот дизајн, така што ги идентификува и претставува најуникатните трендови во дизајнот - тоа е натпревар кој ја промовира дизајнерски ориентираната сцена“, вели Марта Наумовска Грнарова, Генерален директор на Завар Дизајн.

prestizhnata-nagrada-za-zavar-dizajn-german-design-award-2020-vo-kategorijata-excellent-product-design-energy-03.jpg

Колекцијата Drop (Капка) што Завар Дизајн ја претстави во Германија, е составена од уникатни дизајнерски, рачно изработени радијатори во три капковидни форми коишто функционално се обединуваат и овозможува 13 елементи да бидат комбинирани на безброј начини. Оваа карактеристика му овозможува на корисникот единствено искуство да биде вклучен во процесот на креирање и прилагодување на секојпат различно и уникатно парче уметност за греење. Грејните тела на Завар се резултат на способноста на компанијата да интегрира нови технологии со единствен дизајн. Процесот на производство се заснова на еколошки технологии, со минимална потрошувачка на енергија и природни материјали со висок квалитет, што ги прави производите 100% рециклирачки.

prestizhnata-nagrada-za-zavar-dizajn-german-design-award-2020-vo-kategorijata-excellent-product-design-energy-04.jpg

На добивањето на ова значајно признание, претходеше номинацијата од страна на German Design Council, што веќе е своевидна награда и со што колекцијата Drop (Капка) влезе во изборот за German Design Award 2020 во категоријата Excellent Product Design Energy. Резултатите од гласањето на жирито беа објавени на 22ри ноември годинава, а свеченото доделување на наградата ќе се одржи во Франкфурт на 8ми февруари 2020 година.

prestizhnata-nagrada-za-zavar-dizajn-german-design-award-2020-vo-kategorijata-excellent-product-design-energy-05.jpg

Завар дизајн постои повеќе од 30 години на пазарот, како компанија која произведува исклучителни решенија за радијатори што се издвојуваат со квалитетот и дизајнот, драстично разликувајќи се од другите конкурентни производи. Решенијата на Завар Дизајн се наменети за клиенти кои го ценат квалитетот, занаетчиството и дизајнот, во нашата држава и глобално. Предводени од идејата дека дизајнот напредува во подобрување на квалитетот на животот, Завар дизајн создава тела за греење кои ги надминуваат сите очекувања во индустрискиот стил. За својата работа ја има добиено и наградата за најиновативен дизајн на Американската асоцијација на дизајнери на ентериер - ACID New York Metro, во 2017 година.

prestizhnata-nagrada-za-zavar-dizajn-german-design-award-2020-vo-kategorijata-excellent-product-design-energy-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Модната дизајнерка Ивана Кнез го прослави роденденот: „Успех ми е што престанав да пијам кафе и алко... „Престанав да пијам алкохол и кафе, не јадам бел шеќер и бело брашно. Ми остана ...
Дизајнерката Ивана Кнез со емотивна објава за мајка ѝ: „И кога работеше во погон, беше дотерана – не... „Не е ниту до работното место ниту до финансиите, до волјата и желбата за живот ...
Македонскиот фотограф Badstef направи ексклузивен моден едиторијал во Кан: „Me покани дизајнерот Фил... „Ние бевме единствени од Балканот кои присуствуваа на ревијата и забавата на диз...
Дизајнерката Ива Спасовска модно усогласена со своите миленици, славеше годишнина од отворањето на а... Македонската дизајнерка Ива Спасовска 11-тата годишнина од отворањето на своето ...
Македонката Александра Кочоска блесна на Еми наградите во Холивуд (фото) Александра Кочоска во изминатите години трипати беше номинирана за Еми во катего...
Сатја Грабулоски меѓу 50 највлијателни луѓе на Балканот: Македонскиот дизајнер во друштво на Новак Ѓ... Македонскиот дизајнер на патики, Сатја Грабулоски, е меѓу 50 највлијателни луѓе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg