Македонката Александра Кочоска блесна на Еми наградите во Холивуд (фото)
- Детали
- вторник, 09 јануари 2024
Александра Кочоска во изминатите години трипати беше номинирана за Еми во категоријата за визуелни ефекти, а во 2021-ва стана првата Македонка која освои Еми, откако ја доби наградата за работата на Star Trek - Discovery.
Македонката Александра Кочовска Дековиќ, која работи како продуцент за специјални ефекти во Холивуд, блесна на доделувањето на наградите Еми.
Таа го придружуваше својот сопруг, Анте Дековиќ, кој беше номиниран за престижната награда во категоријата за визуелни ефекти, за епизода од серијата Shadow and Bone на Нетфликс.
Александра присуствуваше на првиот дел од доделувањето на наградите кој се одржа вчеравечер (08.01) во Лос Анџелес, а беа доделени признанијата на најдобрите во техничките категории.
Најдобрите актери, продуценти и режисери, пак, ќе ги добијат наградите наредниот викенд, на 15.01.2024, а тогаш ќе бидат избрани и најдобрите серии за изминатата година.
Александра носеше долг син фустан со висок шлиц и впечатливи салонки во истата боја, со голема тока од штрас.
„Апсолутно ни ја ‘украдоа’ статуетката, но сепак се забавувавме на 75-тото доделување на креативните Еми награди“, напиша Анте Дековиќ, кој ги објави фотографиите од престижниот настан.
Не е првпат Александра да присуствува на Еми наградите.
Таа во изминатите години беше трипати номинирана за Еми во категоријата за визуелни ефекти, а во 2021-ва стана првата Македонка која освоила Еми, откако ја доби наградата за работата на Star Trek - Discovery.
Оваа награда Александра ја доби заедно со сопругот и продуцентот Џејсон Зимерман.
А. Ј. | Црнобело / фото: Фејсбук