А1 со атрактивна новогодишна промоција - Најдобрите празници досега со A1 Постпејд и А1 Combo

А1 Македонија ја започнува најубавата новогодишна приказна и со задоволство ја најавува новогодишната промоција со која на своите корисници им овозможува да ја дочекаат новата 2020 година со многу интернет, нови смарт телефони и ТВ уреди по најповолни цени!

a1-so-atraktivna-novogodishna-promocija-najdobrite-praznici-dosega-so-a1-postpejd-i-a1-combo-001.jpg

Сега, сите нови и постоечки корисници кои ќе склучат нов или ќе го обноват договорот на 24 месеци на тарифите A1 Neo M и A1 Neon, ќе имаат можност да добијат вкупно 20GB мобилен интернет со активирање на дополнителниот интернет пакет преку апликацијата Мојот А1, кој потоа може да го користат секој месец.

„Брендот A1 го градиме како силен, модерен, отворен и креативен бренд со кој создаваме нови приказни и отвораме нови светови. На корисниците им овозможуваме заедно да ги креираме искуствата според нивните потреби, што ќе придонесе и за поквалитетен начин на живеење во дигиталното време. Со новата промоција ја потврдуваме нашата визија, а тоа е поттикнување на дигиталниот начин на живот, да нудиме одлично корисничко искуство, најсовремени дигитални решенија, стабилен квалитет и поголема вредност за нашите корисници” - изјави Мислав Галер, извршен директор на А1 Македонија.

Затоа што празниците се за дарување, овие празници постпејд корисниците можат да добијат 2 смартфони по цена од 1 и тоа Motorola One Macro и Motorola E6 Plus, за само 399 ден./месечно со A1 Neo M и A1 Neon.

a1-so-atraktivna-novogodishna-promocija-najdobrite-praznici-dosega-so-a1-postpejd-i-a1-combo-02.jpg

„Прилагодувајќи се на новите навики и потреби на корисниците, со новогодишната понуда овозможуваме уште повеќе интернет и повеќе забава. Со цел да придонесеме за уште поопуштена празнична атмосфера, подготвивме уште едно изненадување. Корисниците на А1 Combo добиваат интерактивна телевизија, интернет и мобилна линија за само 1299 ден./месечно и тоа без обврзувачки договор. Дополнително, имаат можност да изберат смарт андроид телевизор на 48 месечни рати, а преку апликацијата Мојот А1 ќе можат да изберат еден од трите дополнителни пакети (HBO, Digitalb или Pink) кој ќе може да го користат бесплатно во период од 3 месеци. Веруваме дека најновата промоција на А1 ќе придонесе за многу забава во семејствата на корисниците и сето тоа по најповолни услови“ – изјави Елена Панова, Директор на продажба и маркетинг за приватни корисници во А1 Македонија.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Се слави Покров на Пресвета Богородица – Празник на жените и на оние што се молат за потомство Денешниот ден се нарекува и Покров, Богородични покров и Женски празник. Го слав...
Денеска е Воведение во храмот на Пресвета Богородица Пречиста – Што треба да направат жените што не ... Денес се слави денот познат како Воведение во храмот на Пресвета Богородица, поз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg