Свежо меленото кафе е повторно кул
- Детали
- петок, 15 ноември 2019
Луѓето се заљубија во алтернативното „црно злато“ уште кога Етиопјаните го користеа како дел од традиционалните обреди, стотици години пред трговците да почнат да го разнесуваат кафеното зрно низ светот.
Оттогаш, се променија начините на кои кафето се консумира, се промени профилот на негови љубители и тоа стана еден од најпопуларните пијалаци во светот. Последните неколку години ги одбележа еден старо-нов тренд, од кој може да се извлече само еден заклучок: Свежо меленото кафе е повторно кул!
Додека кафето како напиток станува се’ попопуларно низ светот и неговата побарувачка се зголемува, просечната возраст на неговите консумери се намалува. Новата генерација на млади луѓе точно знае што сака – и го сака тоа веднаш, по свои услови. Тие не ги следат трендовите, туку наметнуваат свои, какви што им одговараат на животниот стил. Во последните неколку години, тие го редефинираат дури и начинот на кој го пијат кафето, со цел тоа подобро да се вклопи во нивното секојдневие.
Но, што е она што го прави кафето толку популарно? И зошто се’ почесто сме сведоци на луѓе кои го преферираат свежо меленото кафе пред сите останати видови?
Пиењето на свежо мелено кафе, рецепт кој на нашите простори е познат како „турско кафе“*, совршено соодветствува со начинот на живот кој младата популација го практикува. За неговата подготовка е потребно време, а притоа кафето ја исполнува просторијата со опојна, неодолива арома, која дава дополнителна мотивација за продолжување со денот. Притоа, начинот на кој се пие свежо меленото кафе му дозволува на консумерот да се опушти и целосно да го впие вкусот на вистинско кафе, па дури и да го сподели со најдрагите и најблиските. Од обична напивка која се пие за почеток на денот, кафето стана повод за социјална активност, обединувајќи ги љубителите во нивниот момент на уживање.
Секој ден во светот се пијат преку 2,25 милијарди шолји кафе, од кои најголемиот дел во Европа. А насекаде низ Стариот континент се чувствува растечкиот тренд на пиење свежо мелено кафе, најмногу поради тоа што овој тип е единствен по својот полн и интензивен вкус, уникатна пена и моќна арома која ги буди сетилата и дава нова доза на енергија. Кај луѓето на Балканот, најпрепознатлив е мирисот и вкусот на Grand kafa, во кој се заљубија многу минати генерации, а новите генерации само го потврдија неговиот квалитет, издвојувајќи го како нивен прв избор. Стари или млади, вработени или студенти, страсни љубители на кафе или повремени пијачи на овој магичен напиток – сите заслужуваат да уживаат во вистинско кафе со мирис и вкус – Grand кафе!