Откриен гробот на Александар Македонски: Во него пронајдени само остатоци од корупција!
- Детали
- среда, 13 ноември 2019
Во текот на изминатиот викенд, во близина на скопската населба Сончев Град пронајден е мавзолеј, за кој грчко – македонскиот тим на археолози и историчари од Центарот за археологија тврдат дека е гробот на Александар III Македонски. Натписите во внатрешноста, укажуваат на историски факти поврзани со коруптивни дејности уште во времето на Големиот Освојувач.
Веста за ова археолошко откритие, од историски непроценлива вредност, да беше точна - значително би ги променила настаните во регионот, но веста овој пат нема ни да го обиколи светот поради својата неверодостојност и невистинитост.
Лажните вести и дезинформациите беа минатогодишната тема на дигиталниот видео серијал „ЗдравоЗаГотово“ што се емитуваше на социјалните мрежи со цел рaзобличувaње на лажните вести и прикажување на медиумската манипулација кои влијаат на формирањето на ставовите на јавноста. Годинава, со својата нова кампања „ЗдравоЗаГотово – Антикорупција“ проектот има за цел да ги зголеми информациите и да го намали прагот на толеранција на граѓаните кон секаков вид корупција и општо кршење на владеењето на правото.
„Корупцијата е многу комплексен проблем. Речиси и да нема граѓанин кој свесно или несвесно учествува во корупцијата во државата. Но, за корупциско танго се секогаш потребни двајца. Нашата цел со реализација на оваа кампања ќе биде “тангото никогаш да не почне, едниот да одбие да танцува!“ – велат од авторскиот тим на Блинк 42-21, организацијата што го реализира проектот.
Интернет серијалот „ЗдравоЗаГотово – Антикорупција“ започнува со емитување на нови 8 епизоди на тема корупција, а ќе се емитува на трите социјални мрежи Facebook, Instagram и YouTube.
https://www.facebook.com/watch/?v=2812471682104824
* Комерцијален текст
Веста не е вистината, туку има за цел да поттикне критичко размислување кај читателот за веродостојноста на информациите, како и интерес за антикорупција.