Скопје покажа дека е град за велосипеди – Околу 2.000 пријавени на Скопје на точак!
- Детали
- недела, 03 ноември 2019
Скопје, (03.11.2019) - Околу 2.000 луѓе беа пријавени на Скопје на точак. Тие ги возеа своите велосипеди на караванот кој се одржува втора година по ред. Скопје покажа дека е вело град, исто како во минатото.
Возењето велосипед ќе им помогне на сите да се грижат за своето здравје и да ја заштитат животната средина. Скопје на точак е под покровителство на Град Скопје и се организира од Сојуз на спортови на Скопје.
За безбедноста на караванот и неговите учесници се погрижија МВР кои заедно со организаторите ги водеа учесниците по брзина од 20км на час.
Регистрацијата беше бесплатна и на лотаријата беа доделени неколку подароци и тоа велосипеди, велосипедска опрема, ракавици, заштитни шлемови.