Во Амстердам доделени „40 под 40“ за најуспешните лидери од ЈИЕ

Во грандиозна атмосфера во историската Huis Bartolotti во центарот на Амстердам, Business Elite Awards официјално ги промовираше 40те најуспешни и најамбициозни млади бизнис лидери под 40 години од 10 земји од Југоисточна Европа. Чинот на доделувањето на статуетките се одвиваше за време на гала вечерата организирана ексклузивно за добитниците на престижните признанија Business Elite’s “40 under 40”. Со тоа, организаторите успеаа да ги поместат границите на бизнис вмрежувањето во регионот и да постават нови параметри во таа категорија.  

vo-amsterdam-dodeleni-40-pod-40-za-najuspeshnite-lideri-od-jie-01.jpg

Домаќин на церемонијата беше популарната Monique van Dusseldorp, а свој говор имаше и регионалниот директор за Југоисточна Европа, д-р Виктор Ѓорѓиески кој на наградените им порача:

„Сите ние имаме мисија. Мојата мисија после завршувањето на студиите беше да ги имплементирам најдобрите капиталистички практики од Западот во мојот регион и да го вложам целосниот мој капацитет и знаење да му помогнам на нашиот бизнис сектор да расте и да фати чекор со поразвиениот свет. Ја креиравме оваа престижна програма со цел на едно место да ги вмрежиме тие кои се под 40 години, ги инспирираат другите и со своите успеси веќе му враќаат назад на општеството. И гледајќи од оваа говорница према вас, можам слободно да кажам, успеавме!“

vo-amsterdam-dodeleni-40-pod-40-za-najuspeshnite-lideri-od-jie-02.jpg

Ексклузивната “40 under 40” награда претставува едно од најпопуларните и најпрестижните признанија во светот за млади бизнис лидери и честопати е првиот поттик на многу успешни светски познати личности. Секако, пред секој кој се стекнал со вакво признание претстои блескава кариера и огромни успеси во светот на бизнисот во иднина.

vo-amsterdam-dodeleni-40-pod-40-za-najuspeshnite-lideri-od-jie-04.jpg

Дополнително, со членстовото во екслузивниот Business Elite’s “Executive Club”, наградените и официјално се приклучуваат на светската бизнис елита како дел од мрежата на најуспешни и најамбициозни млади бизнис лидери од светот.

Пред одржувањето на Гала вечерата, наградените учевствуваа на Самитот во организација на Business Elite Awards на кој главни предавачи беа двајца многу успешни бизнисмени од Лондон, Daniel Hulme и Adrian Enache, а свој говор имаше и Melanie ter Meulen, претставник на Канадската влада во Холандија.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Вирален статус на скопскиот менаџер Цајо: „Пред 50 години бракот беше лесен, а разводот тежок - дене... „Пред 50 години само една личност работела за да го издржува целото семејство. С...
Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголем... „Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд р...
Александар Белов ужива во Скопје со ќеркичката и сопругата, откако пред 6 години се пресели во Србиј... Македонскиот пејач, кој се прослави со шоуто „Операција триумф“, долги години жи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg