ХалкБанк открива 10 факти за филмскиот фестивал „Браќа Манаки“

ХалкБанк и на 40-годишниот јубилеен Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“  се појавува во улога на партнер со цел поддршка на филмската традиција во земјава и значајните културните вредности.

halkbank-otkriva-10-fakti-za-filmskiot-festival-brakja-manaki-01.jpg

Во таа насока ХалкБанк за времетраењето на реномираниот филмски фестивал - атрактивен како за филмските професионалци, така и за вљубениците во филмот од целиот свет, ќе ве води низ историјатот, почетоците и најзначајните моменти преку 40 факти, кои што сте ги заборавиле или воопшто не сте ги знаеле.

1. Интернационалниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“, што се одржува секоја година во Битола, организиран од Друштвото на филмски работници на Република Северна Македонија - ДФРСМ е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери.

2. Фестивалот е основан во чест и како инспирација од богатиот фотографско-филмски опус на браќата Манаки, Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964).

3. На 23 април 1979 година се одржале првите Денови на филмската камера „Милтон Манаки“. Одржувањето на оваа врвна филмска манифестација во Битола, денес е бренд на градот и државата и е вистинско место за една ваква манифестација на филмската култура.

4. Јанаки Манаки купил филмска камера од Лондон, во производство на компанијата „Charles Urban Trading“, и тоа бил 300-тиот примерок од серијата BIOSCOPE. Кинематографијата на Балканот почнала  со таа Камера 300, и токму така се нарекува и главната награда на овој филмски фестивал.

5. Круна на фестивалската програма - „Златна камера 300“ е официјалниот натпревар на долгометражни филмови од најновата европска и светска продукција. Директорите на фотографија на филмовите кои учествуваат во оваа програма се натпреваруваат за Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300. Тоа се официјални фестивалски награди што ги доделува интернационално жири составено од пет члена.

6. Досега, лауреати во Клубот на Великаните се, Виторио Стораро, Вадим Јусов, Раул Кутар, Тонино Дели Коли, Мирослав Ондричек, Анри Алекан, Фреди Френсис, Јиржи Војчик, Свен Никвиси.

7. Покрај официјалниот натпреварувачки дел, сегмент од Фестивалот припаѓа на Програмата на краток филм, која нема натпреварувачки карактер и прикажува селекција од најдобрите остварувања на филмската продукција од последните две години.

8. Во рамките на Фестивалот, паралелно се организираат работилници, семинари, дебатни сесии и изложби.

9. Во месец март, 2019 година, Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ја доби меѓународната награда на Меѓународната асоцијација на кинематографери ИМАГО за исклучителен придонес за филмската уметност.

10. Денес, имајќи го предвид целокупното творештво, браќата Манаки и нивниот придонес кон развојот на филмската уметност се дел од европската култура, вклучително и универзалната историја на филмската уметност.

Погледнете го вториот дел ОВДЕ.

Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...
Тројца доктори со златно срце се Мажи на годината 2023 „На почетокот на годината добивме Златна Бубамара и таа награда му ја посветивме...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...
Не е Сибир, Битола е – Ледената Македонка Бетика влегува во водите на замрзнато езеро под Пелистер Со секира го искрши мразот на површината на водата, а потоа влезе да се бања. Бе...
Напуштено куче си најде топол дом и уште 4 убави вести што нè израдуваа оваа недела Од „Лајка“ открија дека девојка вдомила едно од нивните кучиња, а учениците од г...
Како си поминав на првата „Оскаровска гала вечер“ во Скопје, концерт посветен на филмската музика? Шоуто „го украде“ Ана Петановска, која го остави срцето на сцена додека ги пееше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg