Одлично посетен прв фестивал на улична храна!
- Детали
- понеделник, 20 мај 2019
Еуфорија, радост и тотално задоволство! Вака најдобро може да опише првото издание на фестивалот на улична храна Вкусот на Скопје, кое се одржа овој викенд на Школка.
Паркот беше исполнет со публика од најмалечки до највозрасни, со многу насмевки, задоволни лица, и секако... превкусна храна! На штандовите можеа да се купат сочни бургери, крцкави пици, крофни и печива, макаронс, хот дози, скара и што ли уште не… Локалите кои ги приготвија своите специјалитети навистина докажаа дека Скопје има што да понуди, а учесниците во програмата дополнително ја зголемија магијата со своите едукативни содржини.
Концептот беше одлично примен од страна на посетителите. Во текот на двата дена настанот го посетија дури 7800 посетители, бројка која уште еднаш ни потврди дека Скопје навистина ужива во добра храна.
Преку фотографии, ви пренесуваме дел од атмосферата. Се гледаме догодина!