Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дојче Телеком e највреден европски телекомуникациски бренд

dojce-telekom-e-najvreden-evropski-telekomunikaciski-brend-001.jpg

  • Компанијата ја достигна највисоката вредност на брендот во својата историја

Дојче Телеком ја одбрани позицијата – највреден телекомуникациски бренд во Европа.  Компанијата исто така е прогласена за втор највреден германски бренд во светот по Mercedes-Benz. По нив следуваат BMW и Volkswagen. Amazon е прогласен за највреден бренд на глобално ниво, а зад него се наоѓаат Apple и Google.

Според рангирањето на Brand Finance Global 500, Дојче Телеком достигна највисока вредност на брендот во својата историја, со 46,26 милијарди долари. Тоа е зголемување од 15,2 проценти во споредба со претходната година. Од неговото повторно воведување во 2008 година, вредноста на брендот континуирано расте и се зголеми за импресивни 420 проценти.

Во Македонија, највредниот европски бренд е присутен преку Македонски Телеком, што е дел од Дојче Телеком Групацијата од 2001 година.

Секоја година Brand Finance ги определува највредните брендови во светот. Според консултантската фирма со седиште во Обединетото Кралство, рангирањето на Дојче Телеком е одраз на стабилноста на стратегијата. Компанијата успешно го продолжи својот позитивен деловен развој и минатата година, со долгорочни инвестиции во квалитетот на мрежата, иновациите и корисничките услуги, а сето тоа претставува основа за зголемување на вредноста на брендот.  

Информации за Brand Finance Global 500: www.brandfinance.com

Би можело да ве интересира:

Лабина Митевска со моќен говор по добиена филмска награда во Швајцарија: „Се докажавме во балканскот... „Пред 25 години, долго време бев единствената жена продуцентка, а сестра ми беше...
Ледената Бетика го запозна својот идол, Вим Хоф: „Ми кажа дека заедно ќе го промениме светот“ „Кога му соопштив дека мојата повредена нога е комплетно излечена, врескаше на ц...
Дарко Илиевски доби ќерка – Ѝ даде име со посебно значење за семејството „Среќата го достигна својот максимум. Ми се роди ќерка. Ана Ирена Илиевска ни до...
Браво! „Мамо, мамо кога ќе пораснам сакам да бидам Кристијан – Хрватот кој ги посети сите 197 земји ... „Кристијан слета во Шри Ланка, својата 197 држава на оваа мала магична планета. ...
Македонско девојче: Прилепчанката Оливера моќно изведе оперска арија среде прошетка низ Версајскиот ... „Епски момент. Не го криј својот талент од светот“, „Би била прекрасна Јулија на...
Се слави свети пророк Илија – тие што ќе работат може да бидат казнети со гром Според пишувањата во светото писмо пред крајот на светот Илија повторно ќе се ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg