Браво! „Мамо, мамо кога ќе пораснам сакам да бидам Кристијан – Хрватот кој ги посети сите 197 земји во светот“
- Детали
- среда, 04 декември 2024
„Кристијан слета во Шри Ланка, својата 197 држава на оваа мала магична планета. Секоја чест инспирацијо!“, гласи дел од објавата полна восхит на Вирџинија Ристеска (32) од Скопје за Хрватот кој ги посети сите 197 земји во светот и стана еден од само 400-те луѓе на светот кои го направиле тоа.
Вирџинија Ристеска (32) од Скопје е наш патувачки блогер и девојка со впечатлив моден стил.
Таа, на својот Инстаграм профил, сподели зборови полни восхит за Хрватот кој стана еден од ретките луѓе на светот кои ги имаат посетено сите 197 земји.
Меѓу последните дестинации му беше Малдиви, а последна 197-ма посетена земја му беше Шри Ланка.
Кристијан Иличиќ е патувачки блогер со повеќе од 546.000 следбеници на Инстаграм.
Објавата од Вирџинија за него гласи:
„Мамо, мамо кога ќе пораснам сакам да бидам Кристијан Иличиќ.
Човек пример за тоа како детските желби се остваруваат, ако доволно силно ги посакуваш.
Пример што значи да си травел инфлуенсер, од квалитет, содржина, фотографии до раскажување приказна.
Може да ги превртуваме очите кога ќе се спомене зборот „инфлуенсер“ ама Кристијан е токму тоа – со неговите патувања влијаеше врз цела маса луѓе, да не речам цел Балкан, да ја смени перцепцијата на светот каков што ни е прикажан од традиционалните медиуми и да ни покаже дека дури и во „најопасните“ земји живеат добри луѓе, дека светот е убав и добар, само треба без предрасуди да излеземе од границите на својата држава и својот ум.
Откако почнав да го пратам пред неколку години, Кристијан за мене стана и остана најдобриот травел инфлуенсер не во балкански, туку во светски рамки.
Од вулкански ерупции до островските држави во Пацифик.