За првпат на пазарот, леб со вкус на кајмак од Жито Лукс
- Детали
- понеделник, 24 декември 2018
(Скопје, 24.12.2018)
Лебот со вкус на кајмак е новитетот во палетата лебови на Жито Лукс. Компанијата ги изненади пријатно своите потрошувачи со иновативен и единствен на пазарот леб со ваков вкус.
Како и останатите лебови на парчиња произведени по високи стандарди, создаден е совршено меки апсолутно неодолив леб кој одлично се вклопува во празничното мени.
Жито Лукс постојано се грижи да биде иновативен создавајќи богат асортиман на производи, во согласност со најновите трендови и барања на пазарот.
Секоја новост е одговор на желбите на потрошувачите, кои се главен фокус во работата на компанијата, што придонесува таа повеќе 70 години да биде лидер во мелничко - пекарската индустрија во земјава.