Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Битолска Млекара како пример за добар деловен партнер

Потребна е постојана едукација и надградба за достигнување висок квалитет во млекопроизводството.

bitolska-mlekara-kako-primer-za-dobar-deloven-partner-1.jpg

Битола, 30 октомври 2018 г. ‒ Во организација на Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“ од Битолa, вчера се одржа едукативно предавање на тема „Современа опрема за сточарство и начини на финансирање на истата“, на кое Битолска млекара ја презентираше темата „Начини за партнерство со Млекара АД Битола и поддршка за млекопроизводителите при набавка на опрема“. Предавањето беше во соработка со Синпекс ДОО Битола, а учество зедоа голем број сточари и фармери од регионот.

Во рамките на еднодневниот настан, присутните имаа можност да ги чујат мислењата на врвни познавачи на областа, како и да се едуцираат за важноста за постојаното надградување на квалитетот на опремата и капацитетите на сопствените производствени погони, како и погодните начини за финансирање и поддршка што им се на располагање.

За најголемиот млекопроизводител во земјата ‒ Битолска Млекара, кој континуирано инвестира во македонската млечна индустрија на повеќе различни начини, особено во примарното производство на млеко, говореше Драган Илиевски – Директор на суровина во Млекара АД Битола.

bitolska-mlekara-kako-primer-za-dobar-deloven-partner-2.jpg

„Нашата индустрија ‒ индустријата за млеко и млечни производи, е еден од најважните сегменти во агро-индустрискиот комплекс. Особено ме радува тоа што постојат вакви иницијативи, бидејќи само со заемна соработка помеѓу млекопреработувачите, фармерите и релевантните институции, како и со заемна поддршка, размена на искуства и знаење, заеднички ќе оствариме позитивни резултати, раст и развој и одржливост, без оглед од која страна на процесот доаѓаме. Ние продолжуваме со нашата поддршка за нашите партнери кооперанти, независно дали станува збор за финансиска поддршка за набавка на нови квалитетни молзни грла, поддршка во унапредување на старите и изградба на нови капацитети, поддршка при набавка на нови системи и компјутерски системи за менаџмент на фармите и сл. Од исклучителна важност е да вложуваме во квалитетот на примарната суровина доколку сакаме да имаме квалитетни производи на полиците и да ги задоволиме нашите строги стандарди, а, се разбира, и барањата на нашите лојални потрошувачи, па, според тоа, би сакале да ги поттикнеме млекопроизводителите и тие самите да настојуваат и да вложуваат во своите фарми, а во насока на подобрување на ефикасноста.“

На настанот беа разгледувани и дискутирани прашања од интерес на сточарите, а беа презентирани и последните достигнувања во опремата за сточарство, со акцент на млекопроизводството.

Повеќе информации за настанот се достапни на следниот линк>>>

bitolska-mlekara-kako-primer-za-dobar-deloven-partner-3.jpg

Би можело да ве интересира:

„Битола најубава“ - Градот на конзулите блесна во новогодишно руво во пресрет на 2025-та Прекрасна архитектура и калдрмени улици надополнети со празнично украсување, Бит...
Нови детали за пациентите со повреди од пожарот: „51 се испратени во странство, тука повеќето се ста... Сите пациенти од Штип и Кочани се донесени во Скопје и се во стабилна состојба, ...
Евгенија Колев: „Првите денови во Дубаи беа хаотични, баравме стан на 40°C со две деца во количка“ „Барање станови на +40 со Матиас и Давид во количка, средување документација, из...
Партнерите на нашите водителки и новинарки - тие им се поддршка и ветер во грб (фото) Некои од нив се во децениски бракови со по 3 деца, други, пак, се неколку години...
„Како фараони сте“ - 2Бона снимаат нови спотови во Египет „Богови сте“, „Моите омилени момчиња“, „Фараоните на Египет“ - велат фановите на...
Миа Костова стана магистер - Синот најголема поддршка да ја победи тремата пред одбраната на трудот Инфлуенсерката и поранешна водителка денес (07.10) го одбрани магистерскиот труд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg