KFC одговори на глaсините кои кружат за нивното наводно затворање во Скопје Сити Мол!
- Детали
- среда, 03 октомври 2018
KFC објави на нивната фан страна за денес настанатата ситуација со прекинот во нивното работење.
Тие одговорија на нивните потрошувачи во нивниот познат оригинален начин како што досега тоа го имаат направено во други земји низ светот.
Погледнете ја нивната објава:
Нашето пилешко е BCK.
Почитувани Дами и Господа, Полковникот се извинува што пилешкото денес имаше проблеми на патот. Нашиот ресторан во Скопје Сити Мол имаше технички проблем поради кој не беше во функција за краток временски период. Ние сме тука за да бидете сигурни дека нашето пилешко е СЕКОГАШ послужено на ОРИГИНАЛЕН НАЧИН според стандардите на Полковникот, и денес ни е посебно жал што не бевме во можност тоа да го постигнеме.
Ве молиме разберете дека ние никогаш нема да ја изгубиме нашата страст за подготовка на оригинално пилешко, припремено за вас! Нашиот златен стандард треба да се задржи и поради тоа нашата тајна не е само во рецептот од 11 билки и зачини туку во нашата одлучност и тешката работа. Почитувани Дами и Господа, без паника...KFC е BCK и во потполна функција. За вас!