Рачно изработени часовници и модни додатоци за оние со оригинален стил во OnTime во Skopje City Mall
- Детали
- вторник, 25 септември 2018
Се отвори новиот продажен простор на студиото OnTime во Skopje City Mall. Застапник е на реномираниот шпански бренд за ѕидни часовници NOMON, кој е присутен во повеќе од 60 држави во светот.
Сите производи поминуваат низ процес на рачна изработка, а дизајнирани се од реномиран индустриски дизајнер во кои се вградени многу тивки германски механизми.
Од неодамна полскиот бренд Plantwear се приклучи кон семејството на OnTime, како надополнување на постоечката понуда на ѕидни часовници, а со цел истакнување на индивидуалиот стил и оригиналност на купувачите.
Сите модни додатоци во линијата на Plantwear се изработуваат рачно, во најголема мера од природни суровини. Овој факт ги прави производите на Plantwear исклучително оригинални и единствени, а вложениот труд и посветеното внимание гарантираат за нивната практичност и долговечност.
Погледнете како изгледа студиото во Skopje City Mall и дел од производите: