Потрошувачки, станбени и хипотекарни кредити на Халк Банка со животно осигурување

(Скопје, 05.09.2018) - Халк Банка АД Скопје воспостави партнерство со Кроациа Осигурување - Живот и на пазарот понуди кредити со животно осигурување со кои граѓаните добиваат двојна поволност, обезбедување на сигурност во отплатата и заштита на целото семејство. Понудата на кредити со животно осигурување ги вклучува Релакс потрошувачкиот кредит, Комфор  станбениот и Хипотекарниот кредит со животно осигурување. 

potrosuvacki-stanbeni-i-hipotekarni-krediti-na-halk-banka-so-zivotno-osiguruvanje.jpg

„Поаѓајќи од општиот став и потреба на граѓаните дека при влегување во кредитен однос најбитна е сигурноста и довербата, воведовме кредити со животно осигурување и на тој начин овозможивме за граѓаните повеќе и посеопфатни производи што нудат погодности и бенефиции од повеќе страни. Покрај потребното финансирање, добиваат и заштита на целото семејство преку полисата за животно осигурување, односно со минимален влог се обезбедува максимална финансиска заштита. За оваа цел воспоставивме партнерски однос со компанијата лидер на пазарот за животно осигурување Кроациа Осигурување - Живот и со тоа, позади сигурноста и квалитетот на овие производи стојат две компании со големо искуство и знаење на пазарот“, вели Маја Наумовска од секторот за односи со јавност во Халк Банка.

Кроациа Осигурување како прва лиценцирана компанија за осигурување на живот во земјава, за кредитите со животно осигурување вели дека се проверен и докажан производ.

„Партнерството ќе овозможи бројни бенефиции за повеќе страни, пред се излегуваме пресрет на потребите на граѓаните со создавање на производ што покрај моменталната сигурност, овозможува и осигурување на животот, што е долгорочно решение и финансиска заштита за семејството. Ваквиот чекор значи и стимулирање на пазарот со поттикнување на граѓаните за посигурно да се впуштат во финансиски и осигурителните услуги“, изјави Виктор Илиоски,  Координатор за банкоосигурување од Кроациа Осигурување - Живот.

Премијата од полисата за осигурување на живот се исплаќа еднократно кон Кроациа Осигурување – живот, во моментот на исплата на кредитот. Осигурувањето важи за цел временски период и износ додека трае кредитот.

Со понудата се опфатени најчесто бараните и кредити за кои граѓаните најмногу покажуваат интерес. Релакс потрошувачкиот кредит со ризико полиса, со можност за повисок износ на кредит и е без надоместок за обработка на барањето, со поволни фиксни каматни стапки за првите две години. Овој тип кредит може да се користи за тековни потреби на граѓаните, како и за рефинансирање на постоечки кредити од други банки. Станбениот Комфор кредит со полиса за животно осигурување е со фиксна каматна стапка за првите 5 години, временски рок на отплата до 30 години и без надомест за обработка и ликвидирање од сопствени средства. Халк банка АД Скопје нуди и хипотекарен кредит со животно осигурување кој може да се користи како долгорочен ненаменски кредит, а може да се искористи и за ликвидирање на целата кредитната изложеност на друго лице од семејството.

Халкбанк АД Скопје како една од најбрзорастечките банки во Македонија, со новата финансиска активност ја зголемува сигурноста на своето портфолио, но истовремено овозможува клиентите да можат да добијат банкарски и осигурителни услуги на едно место скратувајќи го нивното време и трошоци. Покрај понудата на полиси со животно осигурување, Халкбанк ја прошири палетата и со понуда за неживотно осигурување каде најзастапено е осигурувањето на имот, патничкото, АО, каско осигурување итн.  

Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје е прва лиценцирана компанија за осигурување на живот во земјава и е прва финансиска институција кај нас која поседува меѓународни сертификати за квалитет во работењето и за воспоставен систем за задоволство на корисниците, одобрени од Lloyd Registar. 

За сите информации за кредитите со животно осигурување посетете ја веб страницата www.halkbank.mk  или некоја од филијалите на Халк Банка во Македонија.

Би можело да ве интересира:

Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg