Отворен најголемиот маркет на Електрометал – центар за Вашиот дом
- Детали
- петок, 01 јуни 2018
Со кратка свечена церемонија, во средата (30 јуни) се отвори најголемиот маркет на Електрометал досега! Во Карпош 3, на ул. Манапо бр.3 (веднаш до Skopje City Mall) на површина од 2.000 метри квадратни, маркетот нуди најголем избор на производи за дом и домаќинство, градина, ентериер, бања, расвета, подни облоги, домашен и професионален алат, бои и лакови, едноставно сѐ на едно место. Маркетот веќе го зацврстува Електрометал како водечки DIY (Do it yourself – Направи сам) бренд во земјава, а особено внимание привлече одличниот Shop-in-Shop концепт на BOSCH лоциран во маркетот каде купувачите можат детално да се запознаат и да ги тестираат сите производи на познатиот светски производител.
По повод отворањето, на сите купувачи им беше одобрен попуст од 15% кој ќе трае до крајот на оваа недела (до 03 јуни), а воедно и сите посетители можат да аплицираат и веднаш да подигнат Hobby Card, со што ќе станат дел од лојалната програма на Електрометал и ќе можат да користат попусти и привилегии во текот на целата година.
Маркетите на Електрометал се дел од групацијата Електроелемент, а новиот маркет е веќе трет во низата одлично опремени маркети (по Hobby маркетот во Маџари и маркетот на Електрометал во Центар, на Јужен Булевар) каде можете да најдете буквално сѐ за Вашиот дом и градина.