Извлечени првите добитници од големата наградна игра на ЛУКОИЛ Македонија

Во тек е големата наградна игра на ЛУКОИЛ Македонија, за одбележување на Светското Првенство во фудбал што оваа година ќе се одржи во Москва, Русија.

izvleceni-prvite-dobitnici-od-golemata-nagradna-igra-na-lukoil-makedonija-01.jpg

По завршување на првите две кола, доделени се наградите на среќните добитници од повеќе градови низ земјава.

Во првото коло добитници се: Бојан Кочев од Скопје, Панов Славе од Кавадарци, Беким Сефедин од Битола, Лазар Јованов од Скопје, Благој Трајковски од Битола, Егзон Али од с.Глумово.

А во второто коло среќни беа: Теодора Соколовска од Скопје, Гоце Данаилов од Скопје, Александар Грујовски од Скопје, Бобан Николоски од Гостивар, Љупчо Хечковски од Демир Хисар, Жанета Белавелкоска Оклеска од Прилеп.

izvleceni-prvite-dobitnici-od-golemata-nagradna-igra-na-lukoil-makedonija-02.jpg

За фудбалските фанови, наградната игра е во тек и сé уште постои можност да се учествува во двонеделните извлекувања, како и во главното извлекување што ќе однесе тројца среќни добитници на полуфиналниот натпревар во Санкт Петерсбург, како и 2 карти за финалниот меч во Москва. Сите добитници, покрај картите за натпреварите ќе добијат и финансиска поддршка за реализирање на патувањето. 

Наградната игра трае до 12 јуни, а ЛУКОИЛ ги охрабрува сите свои корисници да се вклучат со испраќање на СМС порака на 149 499 со код од секоја направена сметка над 1000 денари, со што ќе станат потенцијални добитници на една од многуте вредни награди.

“Им честитам на среќните добитници во првите две кола од нашата наградна игра и со нетрпение го очекувам 12 јуни, денот кога ќе ги извлечеме главните награди и ќе ги израдуваме нашите потрошувачи – вљубеници во споротот. Воедно, тоа е датум кога се одбележува денот на Руската Федерација, па наградите ќе бидат симболично прославување на празникот“ - изјави Андреј М. Куку, регионалниот управител на ЛУКОИЛ Македонија.

Русија е речиси подготвена како домаќин да ги исполни сите очекувања за реализацијата на уште едно фудбалско Светско Првенство за паметење. Мундијалот ќе ќе се одигра во 11 градови и на 12 стадиони. Градови домаќини се: Москва со два стадиона, Санкт Петербург, Калининград, Казан, Нижни Новгород, Ростов на Дон, Сочи, Екатеринбург, Самара, Саранск и Волгогорад.

Илјадници спортски фанови се очекува да ги посетат стадионите во периодот од 14 јуни до 15 јули, а меѓукои ќе бидат и наградените корисници на ЛУКОИЛ Македонија.

Во период од 3 месеци извлекувањата ќе се вршат компјутерски, секоја втора недела, па така вкупно планирани се 7 извлекувања, а во последното, учествуваат сите испратени кодови и се извлекува главната награда.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg