Атрактивни студиски програми и напредно образование во новата академска година
- Детали
- среда, 04 април 2018
(Скопје, 04.04.2018) – Запишувањето во новата академската година 2018-2019 на Меѓународниот факултет на Универзитетот во Шефилд, Сити колеџ започна и нуди иновативни програми за додипломски и постдипломски студии. Идни студенти можат да изберат од богато портфолио на атрактивни студиски програми, почнувајќи од клиничка невропсихологија, когнитивна невропсихологија, напреден софтвер за веб и мобилни апликации, менаџмент на хотели и туризам, логистика, човечки ресурси и дигитален маркетинг до повеќе традиционални академски дисциплини...
Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ нуди одлични можности за образование и кариера. Студиите се одвиваат во вистинска меѓународна средина, со академска заедница на студенти и професори од повеќе од 25 различни држави. Студентите стекнуваат диплома од Универзитетот Шефилд, еден од 100-те најдобри универзитети во светот, 26 во Европа и 82 во светот (QS Rankings 2018). Покрај тоа, студентите имаат можност да пристапат до неповратни и вредни стипендии, за целиот процес на студирање и за сите академски програми.
Универзитетот на Шефилд има богат историја на достигнувања, меѓу кои 6 добитници на Нобелова награда се поврзани со универзитетот. Наставниот кадар на Универзитетот и неговите дипломци имаат позиции со голема одговорност и влијание низ целиот свет, со што имаат придонес во општеството.
Покрај тоа, Универзитетот на Шефилд е член на Расел груп, елитна група водечки истражувачки универзитети во Велика Британија. Како Универзитетот на Шефилд врши интердисциплинарни истражувања со глобална репутација.
Меѓународниот факултет Сити Колеџ има седум различни врвни меѓународни акредитации, што е само уште еден доказ за квалитетот на образованието што го нуди оваа институција. Во групи со не повеќе од 35 студенти, идните професионалци ќе добијат одлична академска поддршка, но и поддршка од голема функционална мрежа дипломирани студенти во земјата и пошироко во регионот.
Повеќе информации заинтересираните кандитати можат да најдат на следниот линк.