Перо Антиќ со новата девојка во Солун, Слаткар му прави снешко на синот: Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм?
- Детали
- понеделник, 22 јануари 2024
Александар Јосифовски имаше концерт во Њујорк со српската пејачка Неда Украден, а Ирена Спировска се пофали дека нејзиниот миленик, кучето Веном, наполнило 5 години. Што правеа македонските ѕвезди на Инстаграм минатата недела?
Продолжениот викенд некои од јавните личности го искористија да прошетаат надвор од земјава, а други, пак, уживаа кај нас.
Слаткар на првиот снег во Скопје му правеше снешко на синот Моша, а видео на Инстаграм Стори објави неговата сопруга Сања Николиќ.
Александар Јосифовски имаше концерт во Њујорк со српската пејачка Неда Украден, па објави заедничка фотка. Концерт во САД имаше и Владимир Четкар, кој е на американска турнеја.
Перо Антиќ објави неколку фотографии со новата девојка Сања Ристиќ додека беа во Солун, а Катарина Ивановска се дружеше со актерката Ана Стојановска.