Како најдобро да го заштитите вашиот дом или деловен простор
- Детали
- четврток, 15 февруари 2018
Во денешно време се јавува сѐ поголема потреба од обезбедување на домот, работното место, личното и семејно обезбедување, кои стануваат неопходен предуслов за мирен и спокоен живот заштитен од надворешни и внатрешни опасности.
Најдоброто решение е инвестирање во професионални услуги од соодветен сервис кои би ви помогнале да се заштитите себеси, вашите најблиски и вашиот имот. Наша препорака е да ангажирате професионална компанија која со својата стручна подготвеност, високообучени вработени и напредна технологија ќе ја гарантира личната и имотна безбедност со максимален степен на сигурност.
Водечка компанија од овој тип кај нас е групацијата Секјуриком која е специјализирана во обезбедување на приватен и деловен простор, мониторинг и патролно обезбедување. Нуди изготвување на индивидуални концепти за обезбедување по барање на клиентот, како и видео системи за набљудување, контрола на пристап, алармен систем во случај на насилно влегување во стан или објект, контрола на безбедноста во просториите од опасности од пожар, поплава и сл.
Професионалниот тим на Секјуриком може да го контактирате 24/7 на бесплатниот телефонски број 0800 12 122 во рамки на Центарот за итни настани. Вашиот личен имот, деловен објект или индивидуално лице може да ги обезбедите со услугата мониторинг – патролно обезбедување, почнувајќи од 12€ месечно, со можност за гратис алармен систем и монтажа. Доколку се приклучите во Центарот за итни настани ќе добиете: бесплатна монтажа на RF радио предавател преку кој ќе се одвива целата комуникација до техничкиот мониторинг користејќи независна индивидуална мрежа, а притоа елиминирајќи било какви дополнителни месечни трошоци; високо обучени професионалци во патролно обезбедување; неограничен број интервенции по пристигнат алармен настан вклучени во месечниот надоместок; следење на статусот на безбедносниот систем и телефонско известување при идентификација на настан за проблем со истиот; патрола и лица од патрола, опремени, униформирани и обележани согласно законските одредби во Р.М.; месечен извештај од пристигнатите настани во Центарот за итни настани.
Securicom групацијата која како австриска компанија го има комплетно преземено знаењето и искуството од Р.Австрија, е посветена и докажана во понудата на висококвалитетни услуги од областа на обезбедувањето, како и во иновативните пакети на услуги за безбеден, чист и функционален простор за деловно работење и живеење.
За повеќе информации посетете ја веб-страницата или нивната официјална Facebook страна.