Се слави летна света Петка – Заштитничка од несреќи и болести

Императорот сакал да ја казни, па ја фрлил во котел со масло и катран, но нејзиното тело останало неповредено. Откако императорот ослепел, света Петка се помолила и нему му се вратил видот – се слави празникот на светицата која се смета за заштитничка од несреќи и болести.

se-slavi-letna-sveta-petka-zashtitnichka-od-nesrekji-i-bolesti-01.jpg

На 08 август, православните христијани го слават денот посветен на Преподобната маченичка Параскева, во народот познат и како Летна света Петка.

Култот кон оваа светица многу е раширен кај македонскиот народ, а таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, заради што уште ја нарекуваат и мајка Параскева.

На денешен ден именден празнуваат Петко, Петкана, Параскева, Пенка…

Ова е инаку првиот од трите празници посветен на света Петка и денес се слави преподобната маченица Параскева Римјанка.

se-slavi-letna-sveta-petka-zashtitnichka-od-nesrekji-i-bolesti-04_copy.jpg

Во житието за неа се вели дека нејзините родители биле Римјани, а дека таа се родила како единствена ќерка по долги и искрени молитви кон Бога.

Параскева се замонашила рано, а настрадала заедно со голем број христијани во време на царувањето на Антонин.

Императорот присуствувал на нејзиното мачење, а кога светицата била фрлена во котел со врело масло и катран, нејзиното тело останало неповредено, а од течноста му прснало во очите на императорот, по што тој ослепел.

Параскева, по ова му се помолила на Бога и императорот оздравел, а гледајќи го ова чудо, голем број луѓе потоа ја примиле христовата вера.

Поради тоа била исечена со меч, а подоцна моштите ѝ биле пренесени во Цариград.

На иконите света Петка Римјанка држи чинија со очи.

se-slavi-letna-sveta-petka-zashtitnichka-od-nesrekji-i-bolesti-02_copy.jpg

Токму заради ова, во Македонија постојат голем број лековити извори кои се нарекуваат уште и „петочни води“, а познати се токму по тоа што лекуваат „очобол“, односно здравствени проблеми со видот.

Иако овој ден не е одбележан со црвени или црни букви во православниот календар, тој важи за мошне голем празник, што најмногу се празнува меѓу жените.

Се верува дека овој ден треба да се посвети на молитва и христијаните да се воздржат од тешки физички работи.

Порано се верувало дека на овој ден не треба да се меси, да се пере, да се изнесува пепел од домот или да се шие.

se-slavi-letna-sveta-petka-zashtitnichka-od-nesrekji-i-bolesti-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Живописни цркви и манастири посветени на света Петка, низ Македонија На големите верски празници често православните христијани одбираат да посетат н...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...
Денеска е „Огнена Марија“ – Што не треба да правите на овој ден? Се верува дека „Огнена Марија“ е сестра на громовникот Илија и слично како него,...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg