Last Minute Sale во Skopje City Mall, привлекува посетители и од околните земји

(Скопје, 26.01.2018) - Во тек е големиот шопинг настан во организација на Скопје сити мол, Last Minute Sale кој ќе трае сè до трошење и на последните залихи од реномираните брендови. Заради поволноста на понудата, атрактивна брендирана облека по намалени цени, заинтересираноста е голема, а залихите кои се на попуст брзо се трошат, информираат од Скопје сити мол.

last-minute-sale-vo-skopje-city-mall-privlekuva-posetiteli-i-od-okolnite-zemji-01.jpg

Со стартувањето на акцијата Last Minute Sale, трговскиот стана омилената дестинација за сите оние што сакаат да го освежат зимскиот гардеробер, да внесат новитет во домот, или пак, да изненадат драга личност со уникатен подарок. Желбата за модерна и квалитетна брендирана облека или какви било предмети, достапни во нашиот трговски центар, привлече голем број купувачи и од околните земји, посебно од Косово, така што количините што се достапни по овие атрактивни цени забрзано се трошат. Last Minute Sale продолжува и понатаму, а најдобриот дел е што сега сите овие задоволства ќе бидат достапни по цени намалени за 70%“, изјавуваат од Скопје сити мол.

last-minute-sale-vo-skopje-city-mall-privlekuva-posetiteli-i-od-okolnite-zemji-02.jpg

Следејќи ги принципите на големите продажни акции во најпознатите трговски центри насекаде низ светот, Скопје сити мол за шопинг зависниците, но и сите оние што со задоволство своето слободно време го поминуваат во трговскиот, овозможува денови на вистински предизвик, со што е можно повеќе купени парчиња и што е можно помалку потрошени средства. Очигледно е дека предизвикот е прифатен, затоа што оваа традиционална шопинг треска веќе неколку дена ги преполнува ходниците и продавниците во Скопје сити мол со врвулица од купувачи што не можат да го сокријат задоволството од големата понуда на различни производи по екстремно намалени цени.

last-minute-sale-vo-skopje-city-mall-privlekuva-posetiteli-i-od-okolnite-zemji-03.jpg

Скопје сити мол приредува поинакво зимско шопинг искуство, а за да поминете одлично на ова зимување, ве советуваме да се снабдите со што е можно повеќе енергија, удобни чевли, големо трпение, блиски пријатели и авантурата може да започне. Уживајте во зимувањето!

last-minute-sale-vo-skopje-city-mall-privlekuva-posetiteli-i-od-okolnite-zemji-04.jpg

Би можело да ве интересира:

„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg