Онлајн полиса за регистрација на вашето возило од Еуролинк осигурување
- Детали
- петок, 26 јануари 2018
Скопје, 26 јануари 2018 г. – Заштедете време при регистрација на вашето возило. Од денес со Еуролинк можете да ја купите вашата полиса за регистрација на вашето возило брзо и едноставно, преку веб страницата на Еуролинк осигурување. Имено, за сите на кои им е потребна полиса за регистрација на возилото, односно полиса за осигурување од автомобилска одговорност, тоа може да го направат он-лајн преку веб страницата www.eurolink.com.mk. Единствен услов е возилото да е веќе регистрирано во базата на Националното биро за осигурување, односно да има полиса без разлика од која осигурителна компанија.
Еуролинк осигурување на своите клиенти им овозможува, со купената онлајн полиса за регистрација на возило, да одберат и да го осигураат своето возило од дополнителни ризици - кршење на стакло, осигурување од незгода, а исто така можат да купат и Зелена карта, која ќе им биде доставена.
Како дополнителна предност при купување он-лајн, Еуролинк осигурување им овозможува на своите клиенти плаќањето да биде со кредитна картичка во готово или на рати.
Цената на полисите за осигурување од автомобилска одговорност е утврдена со закон и зависи од јачината на моторот на возилото. Kупената полиса за автомобилска одговорност клиентот ја добива во електронска форма на својата е-маил адреса и со отпечатување на примероците може да го регистрира своето возило.
Техничкото решение на Онлајн полисата за регистрација на возила за веб страницата и мобилната апликација на Еуролинк го изработи компанијата за развој на софтвер Аспект – Скопје.
Повеќе информации во однос на полисите за автомобилска одговорност заинтересираните можат да добијат на телефонскиот број на Контакт центарот Еуролинк 24 - 02/15 888 или на веб страницата www.eurolink.com.mk , полисата за авто одговорност може да се купи на следниот линк - www.eurolink.com.mk/eshop_pocetna.asp.