Стевица Ѓорѓевски, студент на ФОН Универзитетот – Финалист на наградниот конкурс на Дормео за дизајн

Неодамна тимот на Дормео ги контактираше студентите од Европскиот Универзитет, Факултетот за дизајн и мултимедија при ФОН Универзитет и Меѓународниот Балкански Универзитет со цел воспоставување соработка за развој на нова колекција, што ќе биде дел од продуктното портфолио на Дормео во 2018 година.

stevica-gorgievski-student-na-fon-univerzitetot-finalist-na-nagradniot-konkurs-na-dormeo-za-dizajn-01.jpg

Се работи за награден конкурс инициран од Дормео, бренд на Студио Модерна, што се реализира во над 25 земји за кој студентите требаа да испорачаат решенија од областа на графичкиот дизајн за креирање на нова, детска постелнина за момчиња и за девојчиња од 3 до 7 години. 

Идентификувајќи потенцијал за развој на автентични, уникатни и автохтони решенија за новата детска постелина, тимот на Дормео ги контактираше студентите бидејќи веруваше дека можат да одговорат на овој возбудлив предизвик. По евалуацијата на испратените решенија, жири комисијата ги објави тројцата финалисти, меѓу кои е Стевица Ѓорѓевски, студент на Факултетот за дизајн и мултимедија при ФОН Универзитет, насока графички дизајн.

„Силно веруваме во дизајнот на Стевица Ѓорѓевски и му посакуваме успех во финалето. Неговото решение е производ на неговата лична приказна и инспирација и навистина сме пресреќни што токму тој е еден од финалистите во оваа убава и корисна иницијатива. Неговата победа би била силна потврда дека во Македонија има потенцијал да се креираат извонредни графички решенија, што би можеле да се имплементираат и интернационално“ -  изјави Билјана Лончар, бренд менаџер на Дормео.

stevica-gorgievski-student-na-fon-univerzitetot-finalist-na-nagradniot-konkurs-na-dormeo-za-dizajn-02.jpg

Креативната работа е радост, задоволство и восхит, а наградниот конкурс за детска постелнина за Дормео претставува извонредна можност за изразување на креативната оригиналност што младите ја носат во себе.

„Со восхит го прифатив повикот за учество, а уште поголема радост ми е информацијата дека сум еден од финалистите во овој награден конкурс. Ме возбудува идејата дека можеби токму мојот дизајн ќе разубави нечија детска соба и ќе им овозможи нов, убав, живописен, имагинарен свет на најмалите“ - изјави Стевица Ѓорѓевски.

Во моментот се изработуваат примероци во реална големина, врз основа на што ќе се одбере победникот со кој Дормео ќе изгради одлична партнерска соработка, а решението што ќе победи ќе стане партнер на Дормео за оваа колекција и ќе допре до потенцијални 360 милиони потрошувачи.

stevica-gorgievski-student-na-fon-univerzitetot-finalist-na-nagradniot-konkurs-na-dormeo-za-dizajn-03.jpg

Би можело да ве интересира:

„Поканив 75 луѓе на забава дома, дојдоа 150“: Кој им бил најубавиот дочек на Нова година на познатит... Иџе со семејството, Васил Гарванлиев организирал луда забава без знаење на цимер...
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...
Денес се слави Свети Климент Охридски – Бил рамен на апостолите, го описменувал народот Именден слават Климент, Климе, Климентина... Кој бил големиот македонски светец,...
Бајковит 5-ти роденден на девојче од Скопје – замок за скокање, бели гулаби и кул катче со телефон з... Славеничката во бело фустанче со плетенки, се забавува под виножито од балони, п...
Јелена Јованова се породи со второ дете – бременоста повторно ја чуваше во тајност Братот на Јелена Јованова потврди дека актерката го добила своето второ дете, а ...
Христина Пан за 35-тиот роденден се забавува со ќеркичките, откако едната извојува нова битка во лек... Нашата инфлуенсерка Христина Пан објави емотивно видео со двете ќерки близначки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg