Подготви се за овошна забава во Охрид со Jogood!
- Детали
- петок, 21 јули 2017
Одличната комбинација на висококвалитетен јогурт и внимателно одбрани парчиња овошје, преточени во новиот овошен јогурт Jogood, е извонредно освежување за летните горештини.
На плажа, во парк, на работа, на игралиште, во кое било време и на кое било место, оние што пробале знаат дека Jogood е совршена ужина за освежителна пауза. Затоа, притиснете и вие пауза и зграпчете го вашиот омилен вкус на Jogood, бидејќи сега имате можност тоа да го направите преку промоциите што овој викенд ќе се случуваат во Охрид.
Почнувајќи од денес, 21.7, па сè до недела, 23.7, охриѓани, како и присутните посетители и туристи, ќе имаат можност да уживаат во овошната забава Jogood и да ги пробаат неодоливите вкусови на јагода, кајсија, вишна или шумско овошје.
Промотивниот тим на Бимилк со своето уникатно возило Jogood можеше да биде забележан во Скопје од 18 до 20 јули на атрактивни локации во центарот на градот, а сега можете да го пронајдете и во Охрид. Промоцијата се спроведува на „Кадмо“ и на шеталиштето во Охрид од 10.30 до 13.00 часот, а во попладневните часови од 18.00 до 20.30 промотивниот тим ќе ве очекува на шеталиштето и на градското пристаниште.
Во летниот период препорачливо е да се внесуваат поголеми количини течности и лесна храна, а идеален прехранбен продукт е токму јогуртот затоа што дејствува лесно и освежувачки. Затоа, не пропуштајте да го пробате вашиот нов омилен вкус на овошен јогурт што претставува лесна, хранлива и идеална освежителна ужина на високите летни температури.