Забава и учење со Моја Кравица на спортскиот летен камп во Охрид
- Детали
- понеделник, 17 јули 2017
Чоколадното млеко „Моја Кравица“ израдува над 150 деца од Македонија, Србија и Бугарија во рамките на спортско-едукативниот летен камп во Охрид.
Како партнер на Асоцијацијата за спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ, компанијата Бимилк учествува и во едукативните содржини што се предвидени во рамките на летниот камп што се одржува во Охрид.
Имено, присутните деца на возраст од 8 до 15 години имаа можност да учат и да се забавуваат преку едукативни игри на работилницата насловена како „Биди дете со чоколадно млеко Моја Кравица“.
Имајќи цел да го разбуди детето во секој од нас, но, истовремено, и да ја потенцира важноста од консумирање здрави и вкусни намирници, работилницата опфати теми поврзани со придобивките од внесување на потребните витамини, минерали и хранливи состојки неопходни за правилен раст, развој и нормално функционирање на метаболизмот.
Децата учеа за витамините Д, А, Б6 и Б12, кои ги содржи чоколадното млеко и за тоа која е нивната функција во организмот, но и се забавуваа преку интересните игри како што се „Расипан телефон“, „Погоди кој сум“, „Икс-нула“ со ликот на Моја Кравица и сл.
„Една од главните цели на кампот е токму афирмација на здравиот начин на живот, како и презентација на несекојдневни спортски дисциплини, забава и социјализација преку спортот и културата. Во таа насока, навистина ми е драго што оваа година имаме партнер што преку своите активности истовремено ги обединува и здравиот живот и забавата и спортот за сите деца“, изјави Иван Цветковски, Претседател на Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ.
Резултатот од работилницата, но и севкупното учество на Бимилк во рамките на кампот, е среќни деца, задоволни лица и широки насмевки. Токму затоа, Бимилк и натаму останува посветена на афирмација на здравите навики и на обезбедување среќно детство за сите.