Интервју со Љубиша Кондев, тренер по велосипедизам

intervju-so-ljubisha-kondev-trener-po-velosipedizam-01.jpg

Велосипедизам – зошто и како треба да го практикуваме

Љубиша Кондев е тренер по велосипедизам, а на македонската јавност познат е по бројните титули во планински велосипедизам освоени на натпреварите организирани во Словенија, Хрватска, Грција, Србија, Бугарија, Турција, Италија. Воедно, во истата таа дисциплина Кондев е државен првак на Македонија и е еден од првите Македонци што бил на UCI ранг листата. Заедно со неговиот ангажман како тренер по велосипедизам, Кондев активно и посветено ја шири културата за возење велосипед и практикување на овој вид рекреација. Притоа Кондев има неколку совети и препораки за оние што возат велосипед или планираат активно да се вклучат во сообраќајот како велосипедисти.

Црнобело: Кондев, Вие сте тренер по велосипедизам повеќе од 20 години, и иако сите знаеме дека возењето велосипед е корисно за физичкото здравје, дали може подетално да ни објасните кои се сите придобивки од оваа активност по општата здравствена состојба?

Љубиша Кондев: Бројни се придобивките од возењето велосипед, без разлика дали тоа се практикува професионално, на дневна основа или пак повремено како рекреација, па и како превозно средство. Од оние препораки што се однесуваат на здравјето, секако најважно е тоа што со активното и редовно возење велосипед се подобрува дишењето, се зголемува протокот на крвта, се внесува повеќе кислород во телото. Возењето велосипед е посебно корисно за луѓе кои не можат многу да пешачат и луѓе кои имаат поголема тежина, бидејќи овозможува трошење на повеќе калории без да се оптоваруваат зглобовите на нозете.

Црнобело:Како и кога е најдобро да се започне со рекреативен велосипедизам?

Љубиша Кондев: Нема некое правило, најважно е да се има желба. Родителите на мали деца од 2 до 3 години, добро е да знаат дека првиот контакт со велосипедот на детето многу е корисно да го направат со balance bike (без педали). На тој начин децата покрај што од најмали нозе ја прифаќаат оваа активност како корисна и забавна, уште и ги добиваат основите за координација и стабилност, а следно веќе почнуваат со стандардни детски велосипеди со педали. Па понатака во зависност дали ќе се вози планински или друмски велосипед, потребно е учење на некои основни техники за совладување препреки и кривини преку игра. А сето ова би било добро да се направи во периодот од кај 7 до 10 година. Што се однесува до возрасните, не постои лошо и несоодветно време да започнат да возат велосипед, без разлика дали би сакале да се натпреваруваат или само рекреативно да возат и да го користат велосипедот како превозно средство.

Црнобело: Која опрема е задолжителна за возење велосипед?

Љубиша Кондев: Задолжително и обврзувачки е пред сè носење заштитна кацига која не само што штити при можни падови, туку заштитува и од јако сонце, посебно при подолги рути, или од гранки во зависност од избраната рута на движење. Следат ракавиците кои покрај тоа што служат за држење на воланот, служат и како заштита на дланките од пад, предно и задно светло е неопходно за маркација во сообраќајот и за дневно и за ноќно движење. Понатаму во зависност од апетитите за возење, постои и посебна гардероба која што исто така на извесен начин го заштитува телото и обезбедува правилна хидратација на кожата предизвикана од потење.

Црнобело: Што е најбитно што велосипедистите треба да го знаат и да го почитуваат?

Љубиша Кондев: Треба да го почитуваат сообраќајот и сообраќајните знаци, да ги почитуваат насоките за движење, велосипедската патека, пред се каде се гарантира безбедноста на велосипедистот, но исто така треба да ги почитуваат и другите учесници во сообраќајот. Значи каде има деца, каде е дозволено брзо возење, а каде не се препорачува. Не помалку важно е да ја почитуваат природата каде возат, затоа што со самото стартување на велосипедот наместо автомобилот, ние стануваме пријатели на природата и чистата животна околина. И на крај, корисно е да знаат дека со велосипед побрзо се стигнува насекаде низ градот и во најголемите гужви.

Црнобело: Неодамна ја дадовте вашата поддршка за кампањата за подигнување на свеста за безбедност во сообраќајот „Јас внимавам“ која ја иницираше компанијата ОКТА со поддршка на Министерството за внатрешни работи. Што препознавте во кампањата и што верувате дека ќе постигнете?

Љубиша Кондев: Се вклучив во кампањата затоа што тука ги препознав и ги најдов речиси сите точки што секојдневно и од страна на повеќето учесници во сообраќајот се прекршуваат, а воедно истите тие се причина за сообраќајната безбедноста на сите нас. Оваа сеопфатна кампања, што во себе ги вклучува најчестите проблеми во сообраќајот, креирана да комуницира со сите групи учесници според возраст или користење превозно средство, беше одамна потребна и искрено се надевам дека ќе придонесе за зголемување на  сообраќајната култура како и подоследно следење на сообраќајните правила, а со тоа сите повеќе да внимаваат и да се движат по своите патеки.

Црнобело: Што би ги советувале сите оние што возат велосипед?

Љубиша Кондев: Морам повторно да ја потенцирам важноста за безбедноста по сите од почитувањето на сообраќајните правила и прописи за велосипедистите, во однос на потребна опрема, исправен велосипед и движење по соодветна патека. Откако ќе ги исполнат сите овие услови, би им порачал да уживаат во возењето велосипед најмногу што можат.

Би можело да ве интересира:

Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Ненадејно почина фитнес тренерот Мирко Петровски (47): „Сега си на некое поубаво место“ Денес (06.03) на 47 години почина Мирко Петровски, наш фитнес тренер и шампион в...
Сара Мејс и Димитар Атанасовски на зимување во Србија - Ќерка им борда како професионалец „Ајде, па догодина и вие да си земете тренер за да ја стигнете Илина“ – стои во ...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Моша е мини копија на тато – Синот на Слаткар пее срамежливо негова песна додека се возат (видео) Моша делува малку срамежливо додека пее, но сепак ја знае напамет песната од Сла...
Јелена Спенџарска за патувањето во Дубаи: „Потрошив 500 евра за една недела, возењето со такси е мно... „Во Дубаи можете да се храните по ресторани, но и да купите храна од супермаркет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg