Голема донација на „Бимилк“ за децата од СОС Детско село по повод Светскиот ден на млекото

По повод 1 јуни, Светскиот ден на млекото,  „Бимилк“ организираше голема забава исполнета со  повеќе заеднички активности со децата згрижени во хуманитарната организација СОС Детско село. На настанот беше најавена и овогодинешната донација на „Бимилк“ која ги покрива годишните потреби за млеко на децата од Детското село и е дел годишниот договор за соработка на двете компании.

golema-donacija-na-bimilk-za-decata-od-sos-detsko-selo-po-povod-svetskiot-den-na-mlekoto-01.jpg

Со цел да им го разубави токму овој значаен ден кој го истакнува значењето на млекото во детската исхрана, компанијата приреди супер забава со бројни изненадувања и активности за сите деца под грижа на СОС. Препознатливото Битолско чупе заедно со дел од вработените во „Бимилк“, во текот на тричасовниот настан си играа со децата, се дружеа и стекнуваа нови пријателства, истовремено учејќи ги дека уште од мали треба да имаат здрави навики и редовно да пијат млеко. Тие беа главните актери на настанот од кои децата не можеа да се оттргнат. Возбудата продолжи понатаму кога на ред дојде магионичарското шоу и жонглерите кои предизвикаа многу смеа, но и куклената претстава која сите со воодушевување ја гледаа.

golema-donacija-na-bimilk-za-decata-od-sos-detsko-selo-po-povod-svetskiot-den-na-mlekoto-02.jpg

„Бимилк како општествено одговорна компанија отсекогаш во фокусот ги имала децата и нивниот правилен раст и развој, со нашите производи пораснаа безброј генерации. Токму во годината кога одбележуваме 65 години работа во Македонија, сакаме уште еднаш да истакнеме дека сме компанија која се грижи за добросостојбата на сите, особено на ранливите групи. Донациите се во темелот на нашето корпоративно делување, меѓутоа она што навистина нè поттикнува да не забораваме на вистинските вредности, се токму насмевките на децата, можноста да го разубавиме нивното секојдневие и што повеќе радост во нивните срца.  Денот на млекото е само повод и потсетување за нашата долгорочна и искрена солидарност кон овие групи граѓани“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.

golema-donacija-na-bimilk-za-decata-od-sos-detsko-selo-po-povod-svetskiot-den-na-mlekoto-03.jpg

„Бимилк веќе станува наш долгогодишен партнер и навистина ми е драго што тие умеат да ги препознаат и задоволат нашите реални потреби. Со оваа количина ние всушност ги обезбедуваме секојдневните потреби од млеко за целата година, а особено сум среќна што нашите деца истовремено имаа прилика да поминат квалитетно време со пријателите од оваа компанија“, рече Александра Ивановски, директор на програми на СОС Детско село Скопје.

Веќе традиционално, компанијата „Бимилк“ на хуманитарен начин го одбележува Светскиот ден на млекото со донации за повеќе организации и здруженија, водејќи сметка за доброто здравје на социјално ранливите категории.

golema-donacija-na-bimilk-za-decata-od-sos-detsko-selo-po-povod-svetskiot-den-na-mlekoto-04.jpg

golema-donacija-na-bimilk-za-decata-od-sos-detsko-selo-po-povod-svetskiot-den-na-mlekoto-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Жарко Димоски го прослави првиот роденден на синот - забава покрај базен во морнарски стил за Вито Освен на облеката во морнарски стил, актерот и неговата сопруга Андреа внимавале...
Цеце Николова упати емотивна честитка до жената што ја одгледала во СОС Детско село: „Таа од мене на... „Бескрајно сум благодарна за секоја секунда помината со тебе“ – напиша меѓу друг...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Тамара Тодевска на викенд со децата во Маврово: Зимски лудории на Хана и Дарен Тамара Тодевска ужива во Маврово со своите две деца и споделува на Инстаграм как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg