Сврти нов лист и стани стилист
- Детали
- четврток, 27 октомври 2016
За оние што ја сакаат модата не постојат „обични“ денови и денови за „гламур“.
За нив модата е есенцијален дел од денот, архитектура на живеењето, дневна порција забава, бегство од форматираноста и нивна интимна религија
За сите со изострено чувство за мода и за оние што допрва сакаат да се изразат и да инспирираат други, креирајќи свои модни визии, Скопје сити мол овозможува уникатен предизвик во кој сите вљубеници во модата ќе успеат да се изразат себеси на креативен и на оригинален начин.
Модните познавачи; Драган Христов - моден дизајнер, Катерина Трајановска - моден новинар и стилист и Ана Несторовска - моден новинар и моден консултант изработија три целосни модни комбинации на кои им недостига само едно парче. На ФБ фан страната на Скопје сити мол сите што сакаат да учествуваат во овој моден предизвик ќе можат да ја надополнат соодветната комбинација со свој предлог и да ја збогатат со она со што тие сметаат дека ќе ја направи уникатна, впечатлива и комплетна.
Модните стилисти ќе одберат три девојки или момчиња чиј предлог го сметаат за оригинален придонес кон нивната комбинација, по што одбраните тројца ќе добијат можност и самите да создадат своја комплетна модна комбинација што ќе биде изложена на кукла во Скопје сити мол.
„Ги повикуваме сите девојки и момци над 18 години да ни се приклучат во нашиот моден предизвик „Сврти нов лист и стани стилист“ и да се охрабрат во овој моден натпревар. Оние со најистенчено чувство за стил, вештина за комбинирање, око за играње со модните парчиња ќе бидат наши нови стилисти и ќе ни помогнат во креирање на комбинациите за нашиот новогодишен City Mall магазин. Но, и сите оние што ќе гласаат ќе добијат супер награди и подароци, бидејќи и тие ќе учествуваат во креирањето на нашиот Casual Stylist“ - изјави Дарко Панчевски од Скопје сити мол.
Сите посетители ќе имаат можност да гласаат за комбинацијата што најмногу им се допаѓа на ФБ Фан страната на Скопје сити мол, а Casual Stylist-ите ги чекаат волшебни награди.
„Отсекогаш сум ја сакала модата и она што таа може да го направи за поединците. Се чини дека нема полесен начин да се изразиш себеси, отколку токму преку облеката што ја носиш. Ја сакам моќта на базичната облека, но почитувам стајлинзи со барем едно впечатливо парче и со детали кои толку многу зборуваат за личниот стил, за модната смелост и за изградениот визуелен идентитет.
Во тој контекст го сакам она што една вонредно впечатлива марама или шал може да и го направи на секојдневна облека, како џинс и обична бела маичка. Со нетрпение ги очекувам сите предлози за тоа како останатите гледаат на мојата модна комбинација и парчињата што ќе ги предложат, што би можеле да ја надополнат и да ја збогатат. Нетрпелива сум да видам како останатите се вклопуваат во мојата визија и како гледаат на овој моден израз. Ме радува идејата дека нечии модни предлози ќе ме изненадат и ќе ме инспирираат и затоа ги повикувам сите момци и девојки да бидат храбри во изборот на чевли или што било друго што ќе ја надополни мојата модна игра“ - изјави Катерина Трајановска, моден стилист и моден новинар.
Скопје сити мол ги поддржува сите девојки и момчиња без разлика на нивната возраст и телесни облини и ја поддржува и промовира идејата за сакање и прифаќање на своето тело и искажување на таа љубов преку модата. Скопје сити мол верува во добриот импакт од ширењето на позитивни чувства и респект еден кон друг и во таа насока останува на страната на „несовршените“, токму поради нивната несекојдневност што им обезбедува автентичнен печат.