Маријана и Росана слават роденден, едната во Македонија, другата во Австралија: „Ах, да можам да те гушнам“
- Детали
- четврток, 14 декември 2023
„Мојата сестра, моето сè, мојата Росанче, мојата душа, мое сонце, мое небо, мојата ѕвезда... Да можев да бирам, пак тебе би те избрала за сестра“ - Маријана Новачевска со емотивно видео ѝ го честиташе роденденот на својата сестра близначка.
Близначките Маријана и Росана денес (14.12) слават роденден. Познатите сестри полнат 59 години.
Но, роденденот го прославуваат одвоени - едната во Австралија, а другата во Македонија. Па, затоа носталгијата меѓу сестрите е голема, бидејќи долги години не се заедно за роденденот.
Маријана, која живее во Австралија, прва објави фотка со Росана на Инстаграм, па напиша:
„Мојата сестра, моето сè, мојата Росанче, мојата душа, мое сонце, мое небо, мојата ѕвезда. Да можев да бирам, пак тебе би те избрала за сестра“.
Таа потоа, за мерак на Росана, но и за своја душа седна на пијано, па ја запеа „Свири ми брате цигане“, а видеото го објави на Фејсбук.
„Мила моја, не се договоривме да ме расплакуваш“, напиша Росана во коментар.
„Ах, да можам да те гушнам баш на овој ден“, ѝ одговори Маријана.
Погледнете го видеото:
Za mojata Rosana…… za site vas….. taka mi dojde❤️
Posted by Marijana Novacevska on Thursday, December 14, 2023
А. Ј. | Црнобело