Богата програма и попусти за четвртиот роденден на Скопје Сити Мол
- Детали
- вторник, 27 септември 2016
Од 1 до 4 октомври, Скопје сити мол ќе го прославува својот четврти роденден со многу музика и настапи, подароци, неверојатни попусти и изненадувања за потрошувачите, бесплатни коктели и слатки, жонглери, артисти, музика од гаражни бендови и шопингот до 70% попуст на одредени производи во одредени продавници.
Од 1 до 4 октомври, Скопје сити мол ќе го прославува својот четврти роденден и ќе обезбеди доживувања вредни за паметење, со големи попусти во локалите, многу музика и настапи, подароци, бесплатни коктели и слатки, жонглери, артисти, музика од гаражни бендови и ДЈ како и шопингот до 70% попуст на одредени производи во одредени продавници.
На 1 октомври во рамките на традиционалниот настан „Ем умеам, ем можам“ кој веќе 4 години по ред се одржува во Скопје сити мол ќе може да уживате во детска програма и изложувачи од разни производствени капацитети, а вечерта е резервирана за настап на хрватската поп-атракција Данијела Мартиновиќ од 20.30 часот, а нејзе ќе и претходат со свој настап култните Нокаут од 18.30 часот. Авантурата низ продавниците и угостителски објекти продолжува до 24 часот, приклучувајќи се на градскиот настан „Бела ноќ“.
За најмалите се организирани креативни работилници, а за девојките и момците Скопје сити мол организира избор на лице за насловна страна на зимското издание на City Mall магазинот од посетителите што ќе дојдат на 1 октомври во Скопје Сити Мол. Победникот на овој избор освен што ќе ја краси насловната страница, ќе добие и многу вредни подароци во кои ќе ужива во текот на целата година.
Скопје сити мол за прв пат ги отвори своите врати за потрошувачите на 4 октомври 2012 година и за кратко време успеа да стане актуелно собиралиште што ја редефинира колективната градска забавна и шопинг содржина, урбано обележје што понуди одново заживување на делот од градот што со децении беше во мирување.