Претседател на жирито на Off Drum Љубљана, Постер наградата за 2016 е Џејсон Ромејко

Интернационалниот фестивал за креативност „Голден Драм“ и градот Љубљана ги покануваат сите креативци кои имаат помалку од 30 години да земат учество на натпреварот за избор на најдобар постер за Љубљана кој ќе биде во рамките на „Off Drum“ натпреварот. Оваа година претседателот на Љубљана постер наградата е Џејсон Ромејко, Светскиот креативен директор и комерцијален уметник во „By Jason Romeyko“, Австрија, кој ќе ги оценува постерите заедно со 4 дополнителни членови на жирито.

pretsedatelot-na-zirito-na-off-drum-ljubljana-poster-nagradata-za-2016-e-dzejson-romejko-1.jpg

Апликациите за натпреварот оваа година треба да бидат на темата: „Градот Љубљана е зелен за тебе. Биди активен, биди фит!“ кои потребно е да бидат испратени до 15 септември 2016 година. Претседател на жирито ќе биде Џејсон Ромејко, кој ја доби престижната награда „Golden Watch“ за најнаградуван креативен директор на „Голден Драм“ фестивалот во 2015 година. Тој ќе ги оценува постерите со четворица дополнителни членови на жирито: Тјаша Фицко, Заменик градоначалник на локалната заедница на Љубљана, Словенија, Василије Чорлука, извршен креативен директор на Publicis One Македонија, Катлин Добре, извршен креативен директор на McCann Букурешт, Романија и  Мартон Једлицка, креативен директор на Исобар, Будимпешта Унгарија.

Претседателот на „Off Drum“ жирито е добитник на голем број на награди. Оваа година тој е награден со 10 кански лавови, претежно за кампањата  „Sea Hero Quest“, која претставува во светот првата мобилна игра, и има за цел да им помогне на научниците да се изборат со болеста деменција. Во 2015 година тој освои импресивни 9 кански лавови за „Vangardist Magazine“ и „The HIV+ Issue“. „Мојата цел е да овозможам да се случуваат убави работи. И за тоа не е потребен само талент, туку мора да работите повеќе од останатите”.

Авторот за најдобар постер ќе биде награден со 3,000 € од страна на градот Љубљана, додека „Голден Драм“ ќе му овозможи на победникот да биде дел од фестивалот Голден Драм 2017  покривајќи ја во целост котизацијата за учество. Авторите на втората и третата награда за постерот ќе бидат наградени со по една комплетна котизација за 2017 „Голден Драм“ Фестивалот. Краен термин за пријавување е 15 септември 2016 година.

Повеќе за натпреварот откријте тука.


Важни дати
:

Влез и регистрација за делегати: отворена

Краен рок за последно влегување: 13 септември 2016

Ран краен рок за делегати: 20 септември 2016

Повеќе за „Голден Драм“ на www.goldendrum.com.

Би можело да ве интересира:

Христина Пан емотивна една година по лекувањето на ќерката (2) во Словенија: „Требаше да тргнам сама... „Пред да тргнеме бев преплашена од резултатите што ќе ги добиеме, од прв лет сам...
Анди Исмаили (14) од Гостивар со својот совршен танц го расплака жирито во хрватско талент шоу и вле... Трикратниот светски шампион во балет, 14-годишниот Анди Исмаили од Гостивар, пов...
Нашиот Мики Секуловски воодушеви во „Ѕвездите на Гранд“: „Ти си ајкула, местото ти е во финалето“ Босанац, кој е познат по тоа што ретко дели комплименти, по настапот, му кажа на...
Мајката на исчезнатата Вања Ѓорческа во агонија вели: „Немам сила да зборувам за ќерка ми, другарчињ... „Сите деца ја сакаат. Вчера сите родители се ангажираа во барање. Денес децата л...
Тамара емотивна на 6-годишнината од смртта на Влатко Илиевски: „Очајно си ми потребен“ „6 години непребол. 6 години без мојот најдобар другар“, напиша Тамара и се потс...
Браво! Барбара Поповиќ со импресивен настап во финалето на IDJ Show заврши на второто место (видео) Нашата Барбара Поповиќ повторно издоминира на сцената на IDJ Show, но не успеа д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg