Мајката на исчезнатата Вања Ѓорческа во агонија вели: „Немам сила да зборувам за ќерка ми, другарчињата лепат постери и ја бараат“
- Детали
- вторник, 28 ноември 2023
„Сите деца ја сакаат. Вчера сите родители се ангажираа во барање. Денес децата лепат постери и ја бараат“, кажа за CRNOBELO.com мајката на исчезнатата Вања, Зорица Ѓорчевска.
Вчераутро во 7:20 часот во Скопје исчезна 14-годишната Вања Ѓорчевска, ученичка во ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Според кажувањето на нејзината мајка Зорица, која повеќе од еден ден го бара своето чедо, Вања излегла од дома и тргнала кон училиштето, но оттука ѝ се губи секоја трага.
24 часа подоцна, мајката и понатаму е во агонија, бидејќи нема никаква информација за ќерка си Вања.
„Сите деца ја сакаат. Вчера сите родители се ангажираа во барање. Денес децата лепат постери и ја бараат“, кажа за CRNOBELO.com мајката Зорица, која вели и дека нема сила да зборува и да пишува за својата ќерка.
Откако вчера изутрина Зорица објави потресен статус на Фејсбук и побара помош од јавноста да ѝ помогнат да ја пронајде ќерка си, сите се кренаа на нозе, споделуваат фотографии од Вања и бараат каква било информација за неа.
„Мојата ќерка излезе за на училиште и ѝ се губи секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светлосин џемпер, црна кратка зимска јакна и бели ‘Најк’ патики со кафена лента на ѓонот.
Последен пат е видена во Дебар Маало на пат кон 'Песталоци'. Доколку имате каква било информација контактирајте ја полицијата“, напиша Зорица на Фејсбук.
Таа се заблагодари на сите од Министерството за внатрешни работи кои ја бараат Вања, но побара и да не се шират дезинформации во јавноста.
„Тие работат несебично и се на терен за да го најдат моето малолетно дете. Ве молам и да не ширите дезинформации, не помагаат во пронаоѓањето“, додава таа.
https://www.facebook.com/zorica.gjorcevska/posts/pfbid0SRvfrPPg11AQ5sdMtXjpdVxKupAJHD1FHHULRf1WKV5BiwG6nCb9haxJFmc1pEzwl
А. Ј. | Црнобело