Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Data Analyst 21-03-2025


Браво! Барбара Поповиќ со импресивен настап во финалето на IDJ Show заврши на второто место (видео)

Нашата Барбара Поповиќ повторно издоминира на сцената на IDJ Show, но не успеа да победи во финалето на регионалното музичко натпреварување.

barbara-popovic-vtora-01.jpg

Македонската пејачка Барбара Поповиќ го зазеде второто место во регионално музичко шоу IDJ Show, во кое од самиот почеток важеше за еден од фаворитите.

Победник е Ѓана Смајо, која освои повеќе гласови на телевоутингот од нашата пејачка.

барбара-поповиќ-втора-03.jpg

Во финалето Барбара имаше импресивен настап, а ја изведе песната „Ватрена“, која за неа ја компонираше Дарко Димитров, еден од членовите на жирито во шоуто.

„Сето ова е благодарение на тебе“, напиша Барбара на една од фотките со Дарко, а ја сподели на Инстаграм Стори.

барбара-поповиќ-втора-02.jpg

Барбара доби многу пофалби и за пеењето и за настапот, а и голема поддршка од регионот, но сепак, немаше доволно гласови за победа.

И во изминатите изданија на натпреварувањето, таа беше одлична, а особено ја плени публиката кога ја испеа „Зајди зајди“, па го расплака и Дарко Димитров, но и Наташа Беквалац, исто така дел од жирито на шоуто.

Настапот на Барбара погледнете го од 2:04:38...

Прочитајте и Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дарко Влогс со солзи во очите: „Сакав да си го спасам вториот брак, па ја повредив ногата и не можев... „Првиот брак не ми успеа, но вториот сакав да си го спасам“ вели Дарко Влогс и о...
Дарко Влогс го прослави 36-иот роденден со сопругата во САД - насмеани и вљубени (фото) Oткако со пријатели го прославија католичкиот Божиќ облечени во пижами во тон, Д...
Нашата балерина Стефанија Гаштарска: „Се оперирав во Русија и со мајка ми сакав да се вратам дома, н... „Пред неколку месеци го замолив Бога да ми помогне. Се уморив од борбата, од стр...
Дарко Илиевски доби ќерка – Ѝ даде име со посебно значење за семејството „Среќата го достигна својот максимум. Ми се роди ќерка. Ана Ирена Илиевска ни до...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Кумановец ја запроси саканата на Божиќ во Бигорскиот манастир: „Реков ДА уште пред да ме праша“ „Додека позиравме, брат му се појави со букет цвеќе (кој јас не го ни забележав,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg