Можност за нов мебел со поволностите на Стопанска банка на саемот за мебел
- Детали
- вторник, 22 март 2016
Традиционално и оваа година, Стопанска банка АД - Скопје е присутна со свој штанд на 42 меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти кој трае до 27 март.
Посетителите можат да купуваат на овој Саем за мебел на рати со 0% камата со кредитните картички на СБ. Дополнително, сите посетители кои сакаат нов мебел можат да аплицираат за потрошувачкиот кредит на Банката, без административни трошоци и да поднесат барање на штандот на СБ или кај трговците партнери кои се опремени со ПОС терминали и формулари за аплицирање, што ќе го олеснат купувањето. На истото место постои можност и за аплицирање за бесконтактните картички, кои нудат нови бенефиции и многу компаративни предности, меѓу кои и фактот дека во повеќето случаи за трансакции до 750 денари не мора да се внесува ПИН кодот.
„Поради големиот интерес на нашите клиенти и потрошувачи на кредити за финансирање на нов мебел, земајки ја в предвид нашата голема мрежа на трговски партнери и оваа година, како и претходните се одлучивме за присуство на саемот за мебел за да им овозможиме на нашите клиенти најдобра можна понуда за финансирање на нивните желби“ - изјави Стефан Пепоски, Директор на Дирекција за управување со картични производи на Стопанска банка.
Стопанска банка нуди и корисни совети и бесплатни консултантски услуги од претставниците на Банката, кои на лице место ќе направат пресметка за кредитот, ратата и минималната месечна отплата, можностите и придобивките, потребните документи, начинот на отплата и сите други кредитни критериуми за оние кои сакаат да уживаат во нов мебел.
Меѓународниот саем на мебел секоја година привлекува над 50.000 посетители и учество од над 400 домашни и странски изложувачи. Штандот на Стопанска банка се наоѓа на самиот влез од првата хала и претставува можност за сите оние кои сакаат да купат мебел, тоа да го направат со помош на кредитните производи на Стопанска банка АД - Скопје.