Вивакс на најголемиот светски саем во прехранбената индустрија

(Скопје, 13.10.2015) - Најголемиот македонски производител на природни овошни сокови, нектари и пијалаци, компанијата Вивакс, успешно се претставува на најпознатиот саем во оваа индустрија - Ануга 2015, што се одржува во Келн, Германија.

vivaks-na-najgolemiot-svetski-saem-vo-prehranbenata-industrija-01.jpg

Целосниот асортиман под брендот Вива го привлече вниманието на експертите од прехранбениот сектор на саемот кој што се одржува еднаш на две години. Ануга е најзначајниот и најголемиот саем за храна во Европа, но и во светски рамки, а Вива е првата компанија за производство на сокови од Македонија која се претставува на оваа исклучителна манифестација што ги собира релевантните производители, добавувачи, дистрибутери и сите битни компании во прехранбената индустрија.

„Покрај новите партнерства и бизнис врски, контакти за присуство на нови европски и светски пазари, изложувањето на производите е од исклучително значењето и затоа што градите и препознатливост на брендот кон професионалците од овој сектор. На големите саемски манифестации, а Ануга е најголема од овој вид, освен на промотивните активности, насочени сме и кон размена на искуства и информации за последните трендови во прехранбената индустрија “, изјави Тања Атанасова, маркетинг менаџер на Вивакс.

vivaks-na-najgolemiot-svetski-saem-vo-prehranbenata-industrija-03.jpg

Саемот Ануга се одржува по 33-ти пат и е познат како глобална точка каде се сретнуваат сите значајни фактори во прехранбената индустрија, менаџери, трговци и сопственици на големи продажни ланци, водечки импортери како и добавувачи за големи компании. Статистички, на саемот Ануга, во просек, има околу 6.000 изложувачи од стотина земји, а изминатата година бил посетен од 150.000 посетители. Квалитетот на содржината, како и меѓународниот фокус, се главните атрибути на оваа саемска манифестација.

Високиот квалитет, извонредниот вкус и атрактивниот дизајн на широката палета производи под брендот Вива и овој пат го привлекоа вниманието на посетителите, а се остваруваат и повеќе иницијални контакти со сериозен потенцијал за идна соработка.

vivaks-na-najgolemiot-svetski-saem-vo-prehranbenata-industrija-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Славчо Попоски, метеоролог: „Викендов очекувајте послаби врнежи од снег и температури до -10 степени... „Веќе од четврток нè очекува голема промена на времето и нов голем бран на врнеж...
Синот на Тони Михајловски летото го поминува во спортски дух – Најзабавните видеа од неговите подвиз... Александар Михајловски е вистински пример за младите. Трча маратони, се пријавув...
Раперот Таско ги објави првите фотки од новородената ќерка: „Добредојде Кирјана“ „Нека ова патување биде исполнето со насмевки, здравје и благослови за сите нас“...
Ангела Ѓорѓиева објави семејни фотки по раѓањето на вториот син Алек: „Првите денови со тебе“ „Албум со омилените фотки од првите неколку дена со тебе“ – напиша инфлуенсеркат...
Денес се слави Атанасовден – Денот кога се верува дека големите студови веќе се поминати Среќен именден Атанас, Танас, Тане Таска... Се слави зимскиот Свети Атанасиј, де...
Се слави Покров на Пресвета Богородица – Празник на жените и на оние што се молат за потомство Денешниот ден се нарекува и Покров, Богородични покров и Женски празник. Го слав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg