Нов леб со домати и босилек од Жито Лукс

nov-leb-so-domati-i-bosilek-od-zito-luks.jpg

Најголемиот производител на леб во земјава, Жито Лукс, ја прошири својата палета на производи со лансирањето во продажба на уште еден леб во медитеранското семејство – Медитерано со домати и босилек. Мешавината на ладно цедено маслиново масло, суви домати и босилек внесуваат ароматична нота за секој оброк и претставуваат вистинска летна и лесна закуска.Производот не содржи вештачки и прехранбени бои, а обоеноста е резултат на природните состојки.

Компанијата интензивно работи на развивање на нови вкусови и производи, како од традиционалните така и од специјалните лебови. Медитерано со домати и босилек е четвртиот вид од истоимената фамилија лебови инспирирана од една од најбогатите светски кујни што изобилува со разновидни вкусови и ароми. И овој леб во себе ја има основната состојка на медитеранската кујна, карактеристична за сите лебови од линијата, маслиновото масло кое покрај специфичниот вкус уште и се одликува со голем број особини корисни за човековото здравје и за секојдневно медитеранско уживање“, изјави Лидија Трајковска, Маркетинг менаџер во Жито Лукс.

Медитерано лебот со домати босилек е достапен на парчиња во едноставно и практично пакување, што овозможува продолжена свежина до четиринаесет дена без додаток на конзерванси, постигното со помош на иновативната технологија на пастеризација на леб.

Со секој новитет на компанијата, се трудиме да ги задоволиме и најсофистицираните барања на нашите потрошувачи кои уживаат во различните вкусови леб. Новите лебови произлегуваат од анализата на пазарот и потребата од разновидноста во делот на понуда на леб. Преку лансирањето на новиот вкус на леб, компанијата Жито Лукс уште повеќе ја зголемува понудата на производи, ги задоволува барањата за нови вкусови на консументите и ги следи новите светските трендови во делот на иновативноста.

Би можело да ве интересира:

Аделина Тахири на Рамазан Бајрам во Дубаи, модно усогласена со сопругот и синот Аделина Тахири по подолго време објави фотографија со сопругот и синот и од Дуба...
Горди татковци: Марко Новески и Бомбакис на плажа со бебињата во Охрид „Богатство и љубов во една слика“, напиша Бомбакис на фотката направена на плажа...
Елена Стојановска игра балет, Антониа Гиговска најави дует со Врчак: Што прават македонските ѕвезди ... Пејачот Дарко Илиевски е на егзотично патување со сопругата, која во април треба...
Денес се слави големиот празник Цветници - Кои се обичаите за овој празник? Овој празник нема постојан датум и секогаш се празнува една недела пред Велигден...
Најромантичните запросувања во 2023-та година објавени на CRNOBELO Од запросување на дното на Охридско Езеро при нуркање, преку љубовни моменти во ...
Гори Универзална сала во Скопје (фото+видео) Утрово изби пожар во Универзална сала во Скопје која се реконструира. Црн чад и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg