Аделина Тахири на Рамазан Бајрам во Дубаи, модно усогласена со сопругот и синот
- Детали
- четврток, 11 април 2024
Аделина Тахири по подолго време објави фотографија со сопругот и синот и од Дубаи го честита Рамазан Бајрам на своите следбеници и пријатели.
Пејачката Аделина Тахири во Дубаи го прослави Рамазан Бајрам. Таму е со сопругот, адвокатот Серјожа Марков и синот Јон, па објави неколку семејни фотографии на Инстаграм.
Ова е една од ретките фотографии со сопругот што Аделина ги сподели во последно време, а одамна нема објавено фотографија ни со синот.
Рамазан Бајрам го прославија во ресторан со поглед на Бурџ Халифа, највисоката кула на светот.
Тие беа и модно усогласени, тројцата облечени во црно, а Аделина избра впечатлив накит со кој го дополни изгледот.
Пејачката објави неколку видеа од семејната вечера, но и од времето поминато во Дубаи, па откри дека била во шопинг и дека си купила нешто од Louis Vuitton.
А. Ј. | Црнобело