Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Пелистерка“ ги награди најдобрите дизајнери на вело-паркинзи кои ќе се постават во Скопје

Елена Петровска, Филип Конески и Драган Тренчевски ги изработија најинтересните решенија на велосипедски паркинзи за што организаторот на неодамнешниот конкурс, „Пелистерка“, ги награди со по еден велосипед од врвна класа.

pelisterka-gi-nagradi-najdobrite-dizajneri-na-velo-parkinzi-koi-ke-se-postavat-vo-skopje-01

Оваа акција на компанијата имаше за цел поттикнување на креативниот израз, како и создавање архитектонски елементи преку кои ќе се популаризира и ќе се подобрат условите за урбан велосипедизам. Дизајнерското решение на Елена Петровска, насловено „Закачи се“, е прогласено за најдобро и ќе биде основа за изработка и поставување вело-паркинзи на неколку локации во Скопје. Конески и Тренчевски се пласираа на втората и на третата позиција.

pelisterka-gi-nagradi-najdobrite-dizajneri-na-velo-parkinzi-koi-ke-se-postavat-vo-skopje-03

- Изборот на дизајн на вело-паркинзи е дел од нашата долгорочна стратегија за поддршка и развој на урбаните активности, меѓу кои, секако, сè повеќе се вбројува и превозот со велосипед. Популарниот „точак“ е извонредна алатка за спортување, за одржување на физичката кондиција, но во исто време, тоа е и исклучително средство за транспорт од кое сите имаме низа бенефиции кои се движат од здравствени преку економски до еколошки - велат од „Пелистерка“.

Интересот за конкурсот беше извонреден. До компанијата пристигнаа речиси 50 засебни идејни решенија изработени од индивидуалци, но и од тимови на креативци, а сите заедно прикажаа силна приврзаност кон велосипедите како неизбежен сегмент од урбаното живеење. Јавноста го поддржа изборот со над 8.500 интеракции и над 260.000 прегледи на социјалните мрежи што имаше улога врз конечното рангирање на најдобрите креации. Финалната селекција ја направи тим од претставници од „Пелистерка“, стручњаци од областа (архитект и изведувач), како и членови на неформалната група „На точак“ и граѓанската организација „Еко-свест“.

Предводниците на критичните велосипедски маси, кои низ Скопје се одржуваат секоја последна среда во месецот, велат дека акциите, како оваа на „Пелистерка“, се особено добредојдени, за пред сè, да ги охрабрат граѓаните да почнат да го користат велосипедот како превозно средство. Од центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, пак, истакнуваат дека поголем број паркинзи придонесуваат кон полесно возење на градскиот велосипед.

pelisterka-gi-nagradi-najdobrite-dizajneri-na-velo-parkinzi-koi-ke-se-postavat-vo-skopje-02

Би можело да ве интересира:

Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg