Вугринец - Му пружив рака на Карабатиќ, а тој ме опцу!
- Детали
- петок, 11 април 2014
Оваа недела во Еден на Еден ќе го гледаме ексклузивното гостување на најдобриот стрелец во ракометната лига на шампиони, ѕвездата на РК Металург - Ренато Вугринец.
Како стигна во Македонија, која е тајната на неговата супериорна игра на 38 годишна возраст, за тетоважите, за разните анегдоти низ годините и секако, се за инцидентот со Никола Карабатиќ од натпреварот Металург - Барселона во салата Борис Трајковски.
Сето ова со Ренато ќе го зборува со Жаре во новата епизода од вашето омилено ток шоу Еден на Еден, оваа недела во 18 часот.
Од продукцијата ни јавија дека овој термин е само за оваа недела и е променет за да ја задоволи програмската шема на Алфа која мора да претрпи промени поради претседателските избори закажани за тој ден.