Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Златен Даб во нова 0,5 литарска амбалажа

Златен Даб повторно се појавува на пазарот во подновено издание, во нова стаклена амбалажа од половина литар.

zlaten-dab-vo-nova-0-5-litarska-ambalaza-01

Новиот полалитарски Златен Даб со промените добива изглед на пиво што може да се мери со познатите пивски брендови. Во стаклена амбалажа со зелена боја, транспарентна етикета и „pull off“ капаче, сите овие новитети се во функција на подобрен квалитет на пивото, изглед, подобрена линија на шишето.

„Промените на новиот Златен Даб што ги имплементиравме се со цел да го продолжиме започнатиот процес на усовршување и унапредување на омилениот македонски пивски бренд. Секоја од промените е резултат на барањата и потребите на потрошувачите. Стаклената амбалажа е секаде фаворизирана кога станува збор за лесно светло лагер пиво, затоа Прилепска пиварница неодамна влезе во голема инвестиција со купување на нова линија за полнење на пиво во стаклена амбалажа, инвестиција што Златен даб го издигнува до пиво од светски ранг и тоа во секој аспект на производот“, изјави Александар Чатлески бренд менаџер на Прилепска пиварница.

Пивото во зелено шише е одлика на најпознатите светски пива и е симбол на традиција во правење пиво. Додека пак стаклената амбалажа ги заштитува свежината и карактеристиките на пивото.

Новиот Златен Даб од 0.5 л на тоа ги додава уште и транспарентната етикета и „pull off“ капаче со што станува пиво создадено за сите пивопијци. Овој пат Златен Даб од 0.5 л е со повратна амбалажа.

zlaten-dab-vo-nova-0-5-litarska-ambalaza-02

Оваа година Прилепска пиварница прославува 90 години постоење, а долгогодишната традиција во производство на македонско пиво ќе ја прослави со отворање на Академија за пиво чија цел е едукација дека пивото не е само пијалак за освежување, туку дека има и многу други бенефити по здравјето на луѓето.

На Академијата ќе учествуваат врвни пивски експерти и еминентни стручњаци од пиварската индустрија од овие простори, но и од други европски земји како Германија и Австрија.

Би можело да ве интересира:

Кристина Димитри го остави дечкото чиј идентитет го криеше: „Со песна ќе ја затвориме оваа голема љу... „Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата. Вр...
Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...
Христина Пан за 35-тиот роденден се забавува со ќеркичките, откако едната извојува нова битка во лек... Нашата инфлуенсерка Христина Пан објави емотивно видео со двете ќерки близначки ...
Македонец е ѕвезда во новиот спот на Лејди Гага: „Кога сонот ќе стане реалност“ (видео) Гордост! Мајкл Дамески пред 7 години со својот танц ја воодушеви Џенифер Лопез, ...
Нашата Марија стана светски шампион во кик-бокс и уште 4 позитивни вести од Македонија кои нè израду... Пеце Јанкуловски од Битола со булдожер ископа ров за да спречи пожарот во тој ре...
Објава на Македонка ги подели мислењата: „Охриѓани мавате со дрва и камења по скопјани, а со скапоти... Темата за односот на охриѓани и скопјани е несицрпна инспирација за коментари го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg