Филип Миркуловски - Ракометот е најплатен спорт кај нас. Се стигнува и до плата од 7-8000 евра

Вчерашниот пораз против Данска е веќе минато и мислите се насочени кон остатокот од ЕП. Пред истиот меч, имавме можност да погледнеме дел од репрезентативците во сосема поинакво светло во Еден на Еден.

filip-mirkulovski-rakometot-e-najplaten-sport-kaj-nas-se-stignuva-do-plata-od-7-8000-evra-01

Нова серија фб/твитер прашања, пародија на рекламата за вода со Кире Лазаров, интересна идеја за тоа како би можела да изгледа кампањата за популаризирање на скијањето кај пензионерите и супер муабети со Миркуловски, Диви, Ангеловски и Митков. Сето тоа беше дел од епизодата од сезона 5 посветена на ракометот.

Први со Жаре муабетеа "домашните" репрезентативци, Филип Миркуловски и Петар Ангелов. Се зборуваше за анегдотите од подготовките пред ЕП како моментот кога цел автобус отишол на тренинг за кога стигнале да видат дека го заборавиле Дејан Пецаковски, големиот успех на ЕП 2012 и тоа што се случувало во соблекувалните во тешките моменти, свадбата на Наумче Мојсовски каде присустен бил голем дел од репрезентацијата итн.

Се разговараше и за тоа зошто Жути сеуште игра во Македонија, а не во странство. "Имав една сериозна понуда од шпанскиот Гранолерс. Ја одбив и останав тука. Ракометот е најплатен спорт кај нас. Се стигнува и до плата од 7-8000 евра и добро се заработува" - искрен беше Миркуловски.

filip-mirkulovski-rakometot-e-najplaten-sport-kaj-nas-se-stignuva-do-plata-od-7-8000-evra-02

Интернационалците во репрезентацијата пак, Бранислав Ангеловски и Влатко Митков споделија многу интересни искуства од странската кариера. Влатко зборуваше како е во Австрија и Германија, а Бранислав пак раскажа како на шега започнал разговор за да оди да игра во Обединетите Арапски Емирати, но на крај таму навистина поминал една година за која заработил како за две-три играјќи во најдобрите македонски клубови. Популарниот Бранче сподели и искуства од животот заедно со Кире Лазаров во Загреб. Како доцнеле на утрински тренинг, па Кире го нашол како спие во тоалетот и како хрватските полицајци честопати знаеле да им прогледаат низ прсти благодарејќи на нивната популарност.

"Возев 140 каде што беше дозволено 60. Полицаецот ме виде и ми рече - не се секирај, и Кире сега помина тука. Знам дека се брзате", низ смеа раскажува Бранче.

Вчерашната епизода се заврши со партија пантомима во познавање на соиграчите од репрезентацијата. Се "пресметаа" Жути и Диви против Бранислав и Влатко. Погледнете кој победи и видете ја целата вчерашна епизода во продолжение:

Би можело да ве интересира:

Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...
Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....
Ивана Кнез: „Мудрував како да се ослабе, а си го колабирав организмот до фаза на клиничка смрт“ „Не 'ждери', не јади затоа што те изневерува партнерот, зашто не ти оди на работ...
Лила Филиповска за ракот на дојка: „На син ми му реков - Канцер е, но ќе го средиме, немој да се сек... „Дијагнозата е најтешкото нешто, затоа што кога ќе се каже канцер, како да ти ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg